Резултати од мониторингот на јавните набавки во Македонија

СКОПЈЕ, 14 мај 2013 година – Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од октомври до декември 2012 година. Некои од клучните наоди се: Законски задолжителната е-аукција не се закажала во 40% од мониторираниот примерок, додека кај секоја четврта спроведена е-аукција не се намалила почетната цена. Со тоа ефектот на заштеда на буџетски средствa не бил остварен кај поголемиот број набавки. Ова е директна последица на ограничувањата на конкуренцијата на тендерите преку несразмерно високите критериуми за оценување на способноста на фирмите за учество во постапките. Во последното тромесечје од 2012 година поништени се 23,4% од тендерите на ниво на цела држава. На годишно ниво, процентот на поништувања во 2012-та е највисок во последните четири години и изнесува 24,2%, главно поради малиот број на понуди. Преку нетранспарентната постапка со преговарање без објавување на оглас во последното тромесечје од 2012 година склучени се 408 договори во вредност од околу 22 милиони евра. На годишно ниво преку оваа постапка се потрошени околу 65 милиони евра. Главната причина за зголемување на бројот на овие договори, кои се на рекордно високо ниво, е неможноста да се закаже е-аукција од причина што не постои доволно конкуренција. На врвот на десетте најголеми договори за јавни набавки склучени во 2012 година е  договорот на ЕЛЕМ за ископ на јаглен и јаловина во вредност од 53,3 милиони евра. Извештајот од мониторингот е достапен овде. За повеќе информации ве молиме контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или...
мај 14, 20137151


БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е 2,5 годишен проект финансиран од УСАИД и спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.


Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на труд. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на живот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук страната www.facebook.com/USAIDMacedonia.