Проект на УСАИД: Граѓаните против корупцијата (2023-2028)

Целта на проектот е да се зголемат ангажманот и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на владината реакција и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.
август 4, 2023572

Во таа насока, предвидени се следниве резултати:

1. Подобрено знаење и свест на граѓаните во борбата против корупцијата и промовирање на добро владеење и одговорност;

2. Граѓанското општество игра активна улога во борбата против корупцијата;

3. Медиумите играат активна улога во откривањето и справувањето со корупцијата;

4. Приватен сектор ангажиран во борбата против корупцијата.

Проектот го спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) во партнерство со Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Институтот за демократија Социетас Цивилис, Скопје (ИДСЦС), Стопанската комора на Северна Македонија (СКНМ), 360 степени, Лабораторија за истражувачко новинарство, Македонија (IRL) и Балканска истражувачка репортерска мрежа, Македонија (БИРН).

Факти за проектот (на англиски)