Предлог мерки за стеснување на просторот за корупција во здравството

Центарот за граѓански комуникации во рамките на своите активности, предлага мерки за намалување на просторот за корупција во шест најранливи области за корупција во Република Македонија (јавни набавки, состав на управни одбори на јавни претпријатија и установи, јавна администрација, бесправно градење и урбанизам, образование и здравство). На последната работилница се предлагаа мерки за намалување на корупцијата во здравството.
декември 15, 20085582

Домашни експерти и претставници на надлежните институции  на 11 март 2008 ги изнесоа своите сознанија и ставови за спречување на корупцијата во овој сегмент.

Предлог-мерки и експертско мислење изнесоа експертите Вања Михајлова, д-р Љубомир Арсовски и Татјана Тасевска, претставниците од Бирото за лекови, Билјана Димитрова и Рајна Костоска, претставникот од Лекарската комора на Македонија, Здравко Чакар. На работилницата учествуваа и претставничката од Државна комисија за спречување на корупцијата, Христина Мишевска, Весна Донева и Маја Коневска, како и претставник од Државниот завод за ревизија, Цвета Ристовска.

Здравството се наметна како една од најранливите сфери за корупција во Македонија, според истражувањата на корупцијата што Центарот ги спроведе во периодот 2005-2006 година, а разултатите од истражувањето на корупцијата во образованието се објавени во Истражувачкиот извештај за корупција во здравството.

Систематизираните предлог мерките на 07.04.2008 беа доставени до медиумите и до сите надлежни институции, а може да се преземат овде.