Предлог мерки за намалување на корупцијата во образованието

Центарот за граѓански комуникации работи на систематизација и приоретизација на мерките за стеснување на простор за корупција во образованието кои беа предложени на работилницата која се одржа на 16 јануари 2008. На петтата од планираните шест работилници, за потребата од преземање на соодветни мерки за намалување на корупцијата во образованието, дискутираа домашни експерти и претставници на надлежните институции.
декември 13, 20085373

Учесниците ги поддржаа напорите на Центарот за намалување на корупцијата во образованието, оценувајќи дека корупцијата во оваа област е на загрижувачко ниво и дека предложените мерки ќе придонесат за нејзино намалување и затоа треба да се се спроведат што поскоро.

Предлог-мерки и експертско мислење изнесоа експертите Вања Михајлова, д-р Божин Доневски и Марјан Забрчанец, претставниците од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, ректорот д-р Ѓорѓи Мартиновски, проректорите д-р Зоран Велковски, д-р Виолета Арнаудова и д-р Љубица Шутуркова. На работилницата учествуваа и претставничката од Државна комисија за спречување на корупцијата, Софка Пејовска Дојчиновска, претседателот на Сојузот на студенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Самоил Малчевски, претставниците на ЗЕЛС, Исмаил Лума и Весна Арсовска Динковска и членот на Евалуационата комисија при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, д-р Констандина Корнети-Пекевска, Софка Коцева од Бирото за развој на образованието и претставниците од Младински образовен форум, Александар Стојановски и Кирил Спировски.

Инаку, образованието се наметна како една од најранливите сфери за корупција во Македонија, според истражувањата на корупцијата што Центарот ги спроведе во периодот 2005-2006 година, а разултатите од истражувањето на корупцијата во образованието се објавени во Истражувачкиот извештај за корупција во образованието.

ЦГК наскоро ќе ги достави мерките за стеснување на простор за корупција во образованието до медиумите и до сите надлежни институции.