Повик за истражувачки стории за новинари од локални медиуми

Скопје, 1 март 2024 година: Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија. Во рамките на овој повик 3 новинари од локални медиуми од општините Битола, Кичево и Неготино ќе бидат избрани да работат на истражувачки стории кои треба да бидат насочени кон прашањата поврзани со транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните власти, како и на проблемите предизвикани од корупцијата. Областите за истражување може да бидат - јавните набавки, доделувањето на градежни дозволи, продажбата на градежно земјиште, користењето на спортските објекти, доделувањето средства од буџетот на општините, транспарентност во работењето на локалните институции, работењето на локалните јавни претпријатија итн.
март 1, 20241398

Преку поддршката на истражувачките стории ќе се даде придонес кон остварување на целта на проектот „Заштита од корупција“, а тоа е намалување на корупцијата и злоупотребите на јавните средства на локалната самоуправа преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритет на локалните институции и имплементација на мерките предвидени во Националната стратегија за превенција на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025 година.

Заинтересираните новинари треба да развијат и да разработат предлог за истражувачка сторија во дадената Апликација за истражувачка сторија, што може да се симне ТУКА. Во прилог на апликацијата треба да се достави и куса биографија на новинарот.

Кандидатите можат да се пријават со повеќе предлози за истражувачки стории, но на еден кандидат може да му биде прифатен само еден предлог. Право на пријавување на конкурсот имаат сите новинари од локалните медиуми во општините Битола, Кичево и Неготино без разлика дали се вработени во медиумот.

Секој од избраните три најдобри предлози за истражувачки стории ќе биде награден со бруто износ од 30.800 денари.

Рокот за спроведување на истражувањето и за објавување на истражувачката сторија е 31.05.2024 година.

Од кандидатите се очекува посветеност на истражувањето и остварување на сите обврски поврзани со истражувањето како што се: придржување до новинарските етички и професионални стандарди, одржување постојана комуникација со претставниците на ЦГК и објавување на сторијата во локален медиум (во којшто апликантот работи или со којшто соработува).

Краен рок за доставување на апликациите: 18.03.2024 година.

Апликациите треба да се достават на следната електронска адреса: center@ccc.org.mk со напомена: Повик за истражувачки стории во рамки на проектот Заштита од корупција.

Проектот „Заштита од корупција“се спроведува со финансиска поддршка од Амабасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

АПЛИКАЦИЈА