Пари на рака, решение под рака

Proekt Korupcija - Срѓан СтојанчовЗа решение за вработување на неопределено време некои директори им бараат на професорите и по неколку илјади евра.Ќе донесеш 4.000 евра и добиваш решение за вработување на неопределено време. Со овие зборови и се обратил директорот на едно скопско средно училиште на млада професорка, која повеќе од една година работи во училиштето, но на определено време.- Ми го продолжија договорот, но цело врреме сум под притисок. Ако се најде некој што ќе си плати, јас ќе летам од работа – вели нашата соговорничка, која инсистира на анонимност.Таа вели дека иако дипломирала во рекордно време со солиден просек, за вработувањето на определено време потегнала еден куп врски, ама на крај сепак парите го имаат последниот збор.- Толку пари не сум видела ни на сон, а и не знам колку е исплатливо, зашто треба да работам уште две години само за да си го исплатам вработувањето – вели професорката.Не пријавила никаде зашто се сомнева дека парите си ги делат повеќемина и разочарано вели дека нема каде да се обрати.Дознаваме дека ова не е изолиран случај и дека истото се случува во повеќе училишта.Во Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК) велат дека до сега кај нив никој не пријавил дека му барале мито за да се вработи, но велат дека се свеснио дека такво нешто постои.- Има над 8.000 луѓе во образованието што работат со договори на определено време, а тоа се речиси половина од вработените. Има случаи кога наставниците над 20 години работат со договори за определено. Во едно кумановско училиште, 70 отсто...
март 26, 20123263

Proekt Korupcija – Срѓан Стојанчов
За решение за вработување на неопределено време некои директори им бараат на професорите и по неколку илјади евра.

Ќе донесеш 4.000 евра и добиваш решение за вработување на неопределено време. Со овие зборови и се обратил директорот на едно скопско средно училиште на млада професорка, која повеќе од една година работи во училиштето, но на определено време.
– Ми го продолжија договорот, но цело врреме сум под притисок. Ако се најде некој што ќе си плати, јас ќе летам од работа – вели нашата соговорничка, која инсистира на анонимност.
Таа вели дека иако дипломирала во рекордно време со солиден просек, за вработувањето на определено време потегнала еден куп врски, ама на крај сепак парите го имаат последниот збор.
– Толку пари не сум видела ни на сон, а и не знам колку е исплатливо, зашто треба да работам уште две години само за да си го исплатам вработувањето – вели професорката.
Не пријавила никаде зашто се сомнева дека парите си ги делат повеќемина и разочарано вели дека нема каде да се обрати.
Дознаваме дека ова не е изолиран случај и дека истото се случува во повеќе училишта.
Во Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК) велат дека до сега кај нив никој не пријавил дека му барале мито за да се вработи, но велат дека се свеснио дека такво нешто постои.
– Има над 8.000 луѓе во образованието што работат со договори на определено време, а тоа се речиси половина од вработените. Има случаи кога наставниците над 20 години работат со договори за определено. Во едно кумановско училиште, 70 отсто од наставниците се приврмено вработени. Самото тоа покажува дека има проблем – вели претседателот на СОНК, Дојчин Цветановски.
Тој вели дека немаат податоци во кои училишта и во колкав обем се случува тоа, зашто наставниците изгубиле доверба во системот и не ги пријавуваат случаите.
– Тие мислат дека не можат ништо да сменат, а можеби се во право. Сигурно има причини зошто мислат така – вели Цветановски.
Ниту во Државниот просветен инспекторат не се сеќаваат на случај кога професор пријавил мито за вработување. Директорот на инспекторатот, Роберт Ѓорѓиев вели дека со нетрпение ја очекува првата пријава за вакво дело и уверува дека нема да има никакви последици за наставниците што ќе пријават.
– Јас знам дека тоа се случува. Сум бил и директор на училиште. Сум слушал муабети, но никој не дошол да пријави па затоа е речиси невозможно да се докаже – вели тој.
Дел од луѓето што се занимаваат со антикорупционерство велат дека е загрижувачко тоа што на луѓето веќе им станало нормално да им бараат мито, па затоа и полесно се одлучуваат да платат и стануваат соучесници во криминалот.