- хартија за фотокопирање А4 се купува по цени кои се движат од 156 до 293 денари за еден топ;
- индустриска сол се купува по цени кои се движат од 4.672 до 10.738 денари за еден тон;
- масло за горење – екстра лесно ЕЛ-1 се купува со попусти од 0,42 денари до 9,73 денари од цената за еден литар определена од Регулаторната комисија за енергетика;
- клима-уредите со јачина 3,5 KW се купуваат по цени кои се движат од 16.665 до 25.905 денари и
- завојот калико со димензии 8 см х 5 м се купува по цени од 77 до 146 денари за пакување од 10 парчиња.
Загрижувачки е што во речиси сите индекси на рационалност големите разлики во цените не можат да се објаснат со применетите постапки за јавни набавки бидејќи речиси сите договорни органи цените ги постигнале низ постапки за кои објавувале оглас и во кои како критериум за избор на најповолна понуда се користела ‘најниска цена’.
Овој индекс кој е изработен за производи за кои во текот на 2011 година беа констатирани најголеми разлики во цените, послужи да се направи и проценка за евентуалните промени кои настанале во изминатиот период и влијанието кое можело да го има воведувањето на овој инструмент како начин за подигање на свеста на договорните органи за постоењето на големи разлики во цените и за потребата од преземање на мерки за поголема рационалност во трошењето на јавните пари.
Минимални позитивни поместување во однос на 2011 година се констатирани во набавката на хартијата за фотокопирање, индустриската сол и клима уредити, додека пак рационалноста во набавката на завој калико 8х5 е без промена, а во рационалноста на набавката на маслото за горење – екстра лесно ЕЛ-1 е констатирано дополнително влошување на состојбата.