Новинарите се свесни за проблемите, бараат услови и простор за истражување

Повеќе од 30 новинари и уредници од национални и локални медиуми и претставници на други засегнати институции и организации дебатираа на 30. септември и 4. октомври за засилување на улогата за медиумите во борбата против корупцијата. Повод за дискусијата беа резултатите од мониторингот на Центарот за граѓански комуникации за начинот на којшто медиумите (национални и локални) известуваат за корупцијата. Мониторингот на текстовите за корупција во периодот од 1. јануари до 31. март оваа година покажува дека се уште има многу широк простор за унапредување на професионалноста и начинот на кој медиумите известуваат за корупцијата. Во текстовите отсуствуваат основните професионални елементи и стандарди, а влошена е и состојбата со истражувачкото новинарство. Половина од текстовите немаат извори или имаат само еден извор, ја претставуваат само едната страна во приказната и воопшто не ги консултираат оние што се обвинети за корупција. Темите за корупција се третираат само информативно и површно, без продлабочени, посеопфатни и подетални истражувања и анализи. Само 4% од текстовите се истражувачки новинарски приказни. Малиот број текстови и прилози најавени на насловните страници или во ударните вести и совпаѓање на бројот на текстови кои во себе ги содржат основните професионални стандарди со бројот на текстови кои се најавени на насловните страници или во ударните вести говори дека медиумите се можеби свесни за своето непрофесионално известување и дека би објавиле и повеќе текстови на насловните страници доколку би имало такви текстови.Од оваа дебата и од дебатата со новинарите од локалните медиуми ќе произлезат конкретни препораки за унапредување на известувањето за корупцијата и со тоа за засилување на...
ноември 30, 20115391

Повеќе од 30 новинари и уредници од национални и локални медиуми и претставници на други засегнати институции и организации дебатираа на 30. септември и 4. октомври за засилување на улогата за медиумите во борбата против корупцијата. Повод за дискусијата беа резултатите од мониторингот на Центарот за граѓански комуникации за начинот на којшто медиумите (национални и локални) известуваат за корупцијата.

Мониторингот на текстовите за корупција во периодот од 1. јануари до 31. март оваа година покажува дека се уште има многу широк простор за унапредување на професионалноста и начинот на кој медиумите известуваат за корупцијата. Во текстовите отсуствуваат основните професионални елементи и стандарди, а влошена е и состојбата со истражувачкото новинарство. Половина од текстовите немаат извори или имаат само еден извор, ја претставуваат само едната страна во приказната и воопшто не ги консултираат оние што се обвинети за корупција. Темите за корупција се третираат само информативно и површно, без продлабочени, посеопфатни и подетални истражувања и анализи. Само 4% од текстовите се истражувачки новинарски приказни.

Малиот број текстови и прилози најавени на насловните страници или во ударните вести и совпаѓање на бројот на текстови кои во себе ги содржат основните професионални стандарди со бројот на текстови кои се најавени на насловните страници или во ударните вести говори дека медиумите се можеби свесни за своето непрофесионално известување и дека би објавиле и повеќе текстови на насловните страници доколку би имало такви текстови.

Од оваа дебата и од дебатата со новинарите од локалните медиуми ќе произлезат конкретни препораки за унапредување на известувањето за корупцијата и со тоа за засилување на улогата на медиумите во борбата против корупцијата. Препораките ќе бидат испратени со сите вклучени страни: новинарите, уредниците, сопствениците на медиумите, властите, Државната комисија за спречување на корупцијата, како и други организации и институции.

Засилувањето на улогата на медиумите во борбата против корупцијата е дел од проектот „Медиумите и невладините организации против корупцијата“ во чии рамки ќе се делува и на зајакнување на улогата на граѓанскиот сектор во борбата против корупцијата, како и на зголемување на соработката меѓу медиумите и невладините на овој план. Проектот е финансиран од ЕУ, а се спроведува во партнерство со БИРН Македонија и ЕХО од Штип.