1. Второстепената комисија која одлучува по жалбите за јавните набавки да стане самостојна и независна институција од Владата;
2. Членовите на второстепената комисија да ги именува Собранието на РМ;
3. Сите членови на Второстепената комисија да имаат мандат од 5 години или пак дел од членовите да имаат мандат од 5 години, а дел од 3 години;
4. Второстепената комисија да одлучува во присуство на претставници од бизнис заедницата и невладиниот сектор;
5. Воведување обврска за второстепената комисија детално да ги образложува своите одлуки;
6. Бирото за јавни набавки наместо орган во состав на Министерството за финансии да се трансформира во самостојно правно лице (агенција) под ингеренции на Владата на РМ;
7. Директорот на Бирото за јавни набавки да го именува Собранието на РМ од редот на кандидати кои ќе се пријавуваат на јавен оглас, а во присуство на претставници од невладиниот сектор, бизнис заедницата и медиумите;
8. Мандатот на директорот на Бирото за јавни набавки да изнесува 5 години;
9. Да се воведат анти-корупциски правила и одредби во Законот за јавни набавки;
10. Да се сведат на минимум и да се допрецизираат условите под кои може да се спроведе набавка со преговарање без претходно објавување на јавен оглас;
11. Да се воведе обврска за задолжителна евалуација на јавните набавки спроведени по пат на преговарање;
12. Да се воведе задолжителен, независен мониторинг врз јавните набавки од голема вредност, набавките во кои исти понудувачи последователно се избираат за најповолни, кога се нуди нереално ниска цена во однос на пазарната или проценетата и кога постои сомневање за меѓусебно спогодување на понудувачите;
13. Да се воспостави систем за заштита на лица-сведоци кои пријавуваат корупција;
14. Да се зголемат казните за непочитување на обврската за задолжително доставување на податоците до Единствениот регистар на јавни набавки;
15. Да се прецизираат и правилно да се одредуваат критериумите за избор на најповолна понуда;
16. Да се прошири правото на жалба во текот на целата постапка на јавната набавка а не само во последната фаза на одлука за избор на најповолен понудувач;
17. Да се продолжи рокот за поднесување на жалба по одлука на комисиите за јавни набавки;
18. Да се овозможи поднесување на жалба до една година по склучување на договорот за јавна набавка;
19. Да се воведе задолжителна и зајакната контрола врз спроведувањето на договорите за јавни набавки;
20. Да се овозможи целосен увид во склучените договори за јавни набавки;
21. Да се овозможи јавен увид во спроведувањето на договорите за јавни набавки;
22. Да се прецизираат критериумите за квалитет при јавните набавки;
23. Да се зајакнат критериумите во поглед на техничките стандарди што треба да ги поседуваат фирмите-понудувачи;
24. Да се воведе механизам за проверка на бонитетот на понудувачите;
25. Набавувачот задолжително да ангажира експерт за подготовка на тендерот за секоја набавка поголема од 100.000 евра;
26. Во ревизијата од ДЗР задолжително да се вклучат и експерти од областа на работа на институцијата во која се прави ревизија;
27. Да се зголемат казните за непочитување на одредбите од Законот за јавни набавки;
28. Да се прецизира работата на комисиите за јавни набавки во Законот за јавни набавки;
29. Членовите на комисиите за јавни набавки да потпишуваат изјави дека доброволно ја прифаќаат таа работа;
30. Комисиите за јавни набавки да вршат рутинска контрола за проверка на веродостојноста на документацијата што ја поднесуваат понудувачите;
31. Да се воведе инспекциски надзор (контрола) врз работата на комисиите за јавни набавки во времето додека трае набавката;
32. Да се изработи етички кодекс за членовите на комисиите за јавни набавки;
33. Воведување и во Законот за јавни набавки обврска за членовите на комисиите за јавни набавки да ја известуваат Државната комисија за спречување на корупција доколку меѓу понудувачите учествува правно лице основано од избран или именуван функционер или член на неговото семејство;
34. Најмалку еден член на комисиите за јавни набавки да мора да биде стручен и компетентен за видот на набавката;
35. Секој член на комисија за јавна набавка да мора да помине соодветна стручна обука;
36. Да се воведе специјална телефонска линија во Бирото за јавни набавки на која комисите за јавни набавки ќе можат во секое време да поставуваат прашања од методолошка природа а врзани со процесот на јавни набавки;
37. Да се продолжи обврската за планирање и утврдување на потребата од јавни набавки од една на две години;
38. Да се воведе тнр. црн список на фирми што се служеле со измами и на кои ќе им се забрани учество на тендери за јавни набавки во одреден временски период (од 1 до 5 години);
39. Да се одреди временски рок во кој целосно ќе се премине кон електронско спроведување на јавните набавки;
40. Да се формира јавен регистар на фирми кои финансираат политички партии за кои дури може да се предвидат и даночни ослободувања, но ниту тие фирми ниту фими кои се капитално поврзани со нив нема да смеат да учествуваат како понудувачи за јавни набавки.