Мерки за намалување на корупцијата во Македонија (2007-2008)

Откако со првата фаза од проектот беа утврдени најранливите области на корупција во Македонија, преку овој проект се создадени и препорачани вкупно 156 конкретни мерки кои треба да се преземат од властите за да се стесни просторот за корупција. Проектот вклучуваше споредба со најдобрите практики во другите земји, серија работилници на кои експерти и претставници на заинтересираните страни дискутираа и предлагаа начини како да се намали просторот за корупција, приоритетизација на мерките и нивно испраќање до надлежните институции и медиумите и следење на нивното спроведување.
мај 2, 20126641

Голем дел од мерките беа преземени, а како позначајни меѓу нив се: давање независност на второстепената Државна комисија за жалби по јавни набавки чии членови сега се избираат од Парламентот наместо како претходно од Владата; стекнување на независен правен статус на Бирото за јавни набавки кое до неодамна работеше во рамките на Министерството за финансии; отпочнување на иницијативата за намалување на бирократските процедури; овозможување законска заштита на студенти кои ќе пријавуваат корупција; засилена битка против „градежната мафија“ и др. Проектот е финансиски поддржан од Balkan Trust for Democracy.