Кој стои за руските пари во Македонија? -прв дел

Proekt Korupcija - Весна КоловскаРуските компании не се ниту на првите десет места по инвестиции во Македонија, според официјалните податоци на Народна банка на РМ. Како руски пари беа најавени влезот и инвестициите во  двата најголеми македонски рудника Бучим и Саса. Официјално, седиштето на компанијата не е во Русија. Истражувавме зошто рускиот капитал во државата доаѓа од други земји, тнр. земји на даночен рај  преку оф шор компании?Единствена голема руска компанија која инвестира во Македонија е Лукоил. Но, влезот на нафтениот гигант не е преку Русија, туку компанијата ќерка регистрирана во Холандија. Со Лукоил во Македонија раководат Молдавци, додека веќе некое време Лукоил Македонија е дел од бугарската компанија на оваа руска нафтена компанија. Новата топлинско - гасна централа ТЕ-ТО се најавува како руска инвестција, на компанијата Итера, која неодамна пропадна. Инвестицијата сега е австриска, но во позадина е повторно руски капитал преку Синтезис груп. Руски пари има и во две големи  касина во Македонија, но официјално, според  директорот на Македонско руската стопанска комора Дејан Бешлиев,  руските инвестиции можат да се избројат на прсти.Рудниците Бучим и Саса сега се дел од империјата на рускиот Евреин Александар Бронштајн. За него купуваше Павел Малиновски, но преку една од своите оф шор компании регистрирана на остров во Шпанија - Сент Винсент и Гренадини, каде за основање на компанија е потребен влог од само 20.000 евра. Овој податок не му е познат за поранешниот премиер Владо Бучковски, кој заедно со Русите во 2006-та ја сечеше лентата на реконструираниот рудник Бучим. Работата со Русите е чиста, тврди Бучковски, иако во...
март 15, 20124747

Proekt Korupcija – Весна Коловска

Руските компании не се ниту на првите десет места по инвестиции во Македонија, според официјалните податоци на Народна банка на РМ. Како руски пари беа најавени влезот и инвестициите во  двата најголеми македонски рудника Бучим и Саса. Официјално, седиштето на компанијата не е во Русија. Истражувавме зошто рускиот капитал во државата доаѓа од други земји, тнр. земји на даночен рај  преку оф шор компании?

Единствена голема руска компанија која инвестира во Македонија е Лукоил. Но, влезот на нафтениот гигант не е преку Русија, туку компанијата ќерка регистрирана во Холандија. Со Лукоил во Македонија раководат Молдавци, додека веќе некое време Лукоил Македонија е дел од бугарската компанија на оваа руска нафтена компанија. Новата топлинско – гасна централа ТЕ-ТО се најавува како руска инвестција, на компанијата Итера, која неодамна пропадна. Инвестицијата сега е австриска, но во позадина е повторно руски капитал преку Синтезис груп. Руски пари има и во две големи  касина во Македонија, но официјално, според  директорот на Македонско руската стопанска комора Дејан Бешлиев,  руските инвестиции можат да се избројат на прсти.

Рудниците Бучим и Саса сега се дел од империјата на рускиот Евреин Александар Бронштајн. За него купуваше Павел Малиновски, но преку една од своите оф шор компании регистрирана на остров во Шпанија – Сент Винсент и Гренадини, каде за основање на компанија е потребен влог од само 20.000 евра. Овој податок не му е познат за поранешниот премиер Владо Бучковски, кој заедно со Русите во 2006-та ја сечеше лентата на реконструираниот рудник Бучим. Работата со Русите е чиста, тврди Бучковски, иако во Радовиш главна е приказната дека за инвестицијата во Бучим стои лично Ванчо Чифлиганец,  сопартиецот на Бучковски. Долгогодишниот директор на Бучим Чифлиганец, е во добри пријателски односи со техничкиот директор на Бучим, Николајчо Николов, кој посредуваше при влезот на рускиот капитал во македонските рудници, па вели од таму добро ја познава состојбата во рудникот. Ја негира врската со Русите, но многу добро му е познато реномето на рускиот могул Бронштајн.

Глобалните дижења на капиталот им дава простор за докажување на оф шор компаниите, го коментираше Чифлиганец фактот дека вредните рудници ги управува оф шор компанија со основачки влог од 20.000 евра.

Руските сопственици на Бучим, според јавните податоци за количината на произведениот руден концентрат во најдобрите времиња, кога бакарот се продаваше за 8000 долари по тон годишно заработувале по 64 милиони долари, и уште дополнителни 14,5 милиони долари од половина тон злато. На државата годишно и плаќаат по 720.000 евра за концесира на рудното богатство. Каде заминуваат заработените пари, никој не зборува. Неофицијално низ бизнис круговите овие пари се инвестираат во Албанија, во рудник близу Драч, но на албанската ривиера, пред се.
Лукоил пак, чии 48 милиони евра се уште стојат депонирани во Народна Банка за изградба на предвидените 48 бензински станици во Македнија,  интересите ги насочил кон Окта. 27% од акциите на Мамидоил, сопственикот на Окта се на Лукоил. Целта, според пораншни раководители во Лукоил Македонија, кои сакаа да останат анонимни, е купување на управувачкиот пакет на Окта. Иако Русите работат со загуба, и покрај нереализираниот бизнис план со бензинските,  тврдат соговорниците, остануваат во Македонија поради стратешки интереси.