Кој стои за руските пари во Македонија? – втор дел

Proekt Korupcija - Весна КоловскаИ денеска истражувавме за тоа од каде доаѓаат и кој стои зад руските инвестиции во Македонија. Иако се значително поголеми од официјално прикажаните, офцијално инвестциите се од други земји, главно преку оф шор компании.Малкуте руски инвестиции во Македонија не се водат како руски, туку доаѓаат како компании од Холандија, Германија, Австрија, Кипар, Девствени острови, Антилите. Токму Холандија последните години неофицијално е прогласена за земја даночен рај поради двојните договори за неоданочување. Во вкупните инвестиции Холандија е виско рангирана на осмо место на листата на инвестиции.  Инвестициите се преку една од шор компаниите на руските гиганти. Двата најголеми рудника во македонија Саса и Бучим ги управува оф шор компанија на бизнисменот Бронштајн регистрирана на остров близу Шпанија. Томку оф шор компаниите им даваат можност на Русите, парите со минимална контрола да заминат од Македонија. Директорот на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев вели дека за нас поважно прашање е зошто интересот на рускиот бизнис ја одминува Македонија.Во Србија со 400 милиони влегуваат русите во НИС, нафтената индустрија на Србија, најавена како најзначајна бизнис зделка последните години. Еднаипол милијарда евра инвестираат во подземен склад за гас. Еден од најбогатите Руси, Олег Дерипаска за 30 милиони го купи Алуминуимскиот комбинат во Црна Гора, меѓутоа, таму рускиот капитал е во недвижнините и морскиот брег. Никој точно не знае колку пари се вложени. Во Бугарија Русите се на 14-то  место по инвестиции, додека во Романија на 20-то место.За сите земји во регионот е заедничко е што практично руските инвестиции се далеку поголеми од административниот приказ поради вложувањето...
март 15, 20123362

Proekt Korupcija – Весна Коловска

И денеска истражувавме за тоа од каде доаѓаат и кој стои зад руските инвестиции во Македонија. Иако се значително поголеми од официјално прикажаните, офцијално инвестциите се од други земји, главно преку оф шор компании.

Малкуте руски инвестиции во Македонија не се водат како руски, туку доаѓаат како компании од Холандија, Германија, Австрија, Кипар, Девствени острови, Антилите. Токму Холандија последните години неофицијално е прогласена за земја даночен рај поради двојните договори за неоданочување. Во вкупните инвестиции Холандија е виско рангирана на осмо место на листата на инвестиции.  Инвестициите се преку една од шор компаниите на руските гиганти. Двата најголеми рудника во македонија Саса и Бучим ги управува оф шор компанија на бизнисменот Бронштајн регистрирана на остров близу Шпанија. Томку оф шор компаниите им даваат можност на Русите, парите со минимална контрола да заминат од Македонија. Директорот на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев вели дека за нас поважно прашање е зошто интересот на рускиот бизнис ја одминува Македонија.

Во Србија со 400 милиони влегуваат русите во НИС, нафтената индустрија на Србија, најавена како најзначајна бизнис зделка последните години. Еднаипол милијарда евра инвестираат во подземен склад за гас. Еден од најбогатите Руси, Олег Дерипаска за 30 милиони го купи Алуминуимскиот комбинат во Црна Гора, меѓутоа, таму рускиот капитал е во недвижнините и морскиот брег. Никој точно не знае колку пари се вложени. Во Бугарија Русите се на 14-то  место по инвестиции, додека во Романија на 20-то место.

За сите земји во регионот е заедничко е што практично руските инвестиции се далеку поголеми од административниот приказ поради вложувањето преку компании регистрирани земји  каде постои послаба контрола на движењето на парите. На ваков начин, според економиситите, руските богаташи ги штитат своите пари, а инвестираат од таму каде сметаат дека е најпогодно.  Само првиот човек на Лукоил Вагит Агитперов, поседува неколку десетина оф шор компании во овие земји, вклучувајќи ја и Данска, новата руска дестинација за вакви компании,  каде од неодамна поседува и поголем имот близу Копнехаген.
Ако се слушаат политичарите, најважно е да има инвестиции, со кои ќе се пофалат пред избори. За поранешниот премиер Владо Бучковски Македонија падна на првиот испит со Лукоил, кој и ден денеска има административни проблеми со бензинските пумпи. Каде одат парите заработени во Македнија и не е така најважно.
За меѓународните организации пак, руските пари треба да бидат под лупа.
–    Постои сомневање дека се работи за перење пари, особено во руските пари. Шверц на дрога, илегални мигранти, криумчарење на оружје и стока, избегнување на плаќање на данок и криминални активности се основа за перење пари во регионот, стои во извештајот на Канцеларијата на ОН за дрога и кириминал UNODC.