Кон отчетни јавни претпријатија (2020-2021)

Проектот го засилува интегритетот и ги намалува ризиците од корупција во јавните набавки во претпријатијата основани од државата и од локалната самоуправа преку идентификување на слабостите и и спроведување мерки за нивно надминување. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралството на Холандија.
септември 17, 20211061


До крајот на проектот се очекува:

– да се идентификуваат генераторите на корупцијата во сите фази од јавните набавки на претпријатијата;

– да се постават стандарди/таргети за подобрување на отчетноста и интегритетот во јавните набавки;

– да се воспостави одржлив механизам за подобрување на начинот за спроведување на јавните набавки од страна на таргетираните претпријатија.

Проектот се спроведува кај 35 јавни претпријатија и акционерски друштва основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга.

Проектот ги опфаќа следните активности:

  • Мапирање на ризиците од корупција во сите фази во постапките за јавни набавки, преку мониторирање на избран примерок на тендери, изработка на индекс на рационалност и пресметка на релевантни индикатори за оценка на отчетноста и интегритетот во спроведувањето на јавните набавки.
  • Индивидуален скрининг на претпријатија за идентификување на ризиците од корупција и за проценка на капацитетот за спроведување на јавните набавки (кадровски потенцијал и внатрешни правила).
  • Градење на капацитети на таргетираните претпријатија за подобро спроведување на јавните набавки (работилници и обуки) што треба да резултира и со развој на индивидуални планови за интегритет во јавните набавки.
  • Застапување за законско, економично, ефикасно и ефективно спроведување на јавните набавки и намалување на корупцијата преку објавување на наодите од длабинското мапирање на ризиците од корупција во сите фази на јавните набавки и презентација пред сите засегнати страни и пред пошироката јавност.

Вкупната вредност на проектот изнесува 6.000.000 денари.