Кон отчетни јавни претпријатија (ресурси)

Проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ којшто  ЦГК го реализираше во изминатите две години, 1 октомври 2019 - 30 септември 2021 година, со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, ги опфати следните активности и резултати: - Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински  беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки, спроведени од 37 претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга. - За секое од овие претпријатија беше направен индивидуален скрининг за начинот на којшто ги спроведува јавните набавки. - Беа изработени „индикатори за мерење на ризиците од корупција“ и „предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки“, кои беа предмет на дискусија со 130 претставници на претпријатијата и нивните основачи. - Дел од дадените предлози Владата ги вклучи во Планот за борба против корупцијата – Акција 21. Станува збор за воведување процедури за спроведување јавни набавки, донесување планови за интегритет или програми за антикорупција, преземање мерки за стимулирање на конкуренцијата, зголемување на отчетноста во однос на јавните набавки итн. - Следеше едукативна програма за зајакнување на вештините за спроведување на тендерите, во која беа вклучени 46 лица кои спроведуваат јавни набавки во вклучените претпријатија и општините. - Дополнително, 30 лица беа обучени за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, а дел од претпријатијата искористија менторска помош за изработка на своите планови за интегритет. - Преку обработка на податоци од вкупно 5.018 договори за јавни набавки на вклучените претпријатија во...
октомври 8, 20213245

Проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ којшто  ЦГК го реализираше во изминатите две години, 1 октомври 2019 – 30 септември 2021 година, со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, ги опфати следните активности и резултати:

– Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински  беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки, спроведени од 37 претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга.

– За секое од овие претпријатија беше направен индивидуален скрининг за начинот на којшто ги спроведува јавните набавки.

– Беа изработени „индикатори за мерење на ризиците од корупција“ и „предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки“, кои беа предмет на дискусија со 130 претставници на претпријатијата и нивните основачи.

– Дел од дадените предлози Владата ги вклучи во Планот за борба против корупцијата – Акција 21. Станува збор за воведување процедури за спроведување јавни набавки, донесување планови за интегритет или програми за антикорупција, преземање мерки за стимулирање на конкуренцијата, зголемување на отчетноста во однос на јавните набавки итн.

– Следеше едукативна програма за зајакнување на вештините за спроведување на тендерите, во која беа вклучени 46 лица кои спроведуваат јавни набавки во вклучените претпријатија и општините.

– Дополнително, 30 лица беа обучени за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, а дел од претпријатијата искористија менторска помош за изработка на своите планови за интегритет.

– Преку обработка на податоци од вкупно 5.018 договори за јавни набавки на вклучените претпријатија во 2020 и 2021 година, беа измерени промените, односно напредокот направен во овие две години.

Анализата на податоците добиени од претпријатијата и преземени од Електронскиот систем за јавни набавки во периодот 2021 година во однос на 2019 година покажува подобрување на конкуренцијата во постапките за јавни набавки кај таргетираните претпријатија, потоа подобрување транспарентноста и отчетноста и намалена примена на нетранспарентната постапка на преговарање без објавување на оглас.

Во прилог е листата на ресурси развиена во рамките на проектот:

Истражување и анализа: Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственоста на Владата и на општините;

Предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки и за унапредување на начинот на нивно спроведување; (ALB)

Прирачник за изготвување на планови за интегритет на јавните набавки; (ALB)

Документ за јавни политики: Клучни предизвици во јавните набавки на државните претпријатија. (EN) (ALB)