Ковид-19 набавките во фокусот (2021-2022)

Проектот вклучува мапирање на клучните ризици од корупција во јавните набавки поврзани со КОВИД-19 преку длабинско следење на тендерите и водење дијалог за јавни политики, насочен кон подобрување на процесот на набавки и стеснување на просторот за корупција. За таа цел ќе се изготват два полугодишни извештаи од мониторингот (за јануари-јуни 2021 година и јули-декември 2021 година) и извештај со преглед за сите набавки поврзани со КОВИД-19 за 2020-2021 година, заедно со отворена база на податоци, а дијалогот за јавна политика ќе опфати најмалку 50 институции и ќе резултира со документ за политика и медиумско присуство за подобрување.
октомври 4, 20211565

 

Се очекува проектот да резултира со:

Зголемено ниво на информации за граѓаните за подобро разбирање на набавките поврзани со КОВИД-19 и ризиците од корупција во нив, како и засилен јавен притисок врз јавните институции за подобрување на регулативата и практиката во врска со транспарентноста, отчетноста и интегритетот на тендерите поврзани со кризи, и

– Вклученост на јавните институции во дијалог за креирање и имплементација на јавна политика за подобрување на набавките во време на криза.

Проектот е финансиран со грант обезбеден од Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на Соединетите Држави и на УСАИД, во вредност од 61.016 американски долари.