Истражување на последиците од кризата во 2022 во буџетите на општините

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗГОЛЕМЕНИТЕ БУЏЕТСКИ ТРОШОЦИ НА ОПШТИНИТЕ ОД КРИЗАТА ВО 2022 ГОДИНА ВРЗ ОБЛАСТИТЕ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ Бројни патишта и улици, булевари, тротоари, плоштади, комунална инфраструктура, градинки и училишта, гасификации на општините – останале нереализирани во 2022 година бидејќи локалните власти, со ребалансите на буџетите, ги скратиле овие проекти од своите планови за капитални инвестиции, за сметка на поголемите трошоци за енергија во екот на енергетската и економската криза. Не се реализирале целосно ниту проектите што успеале да ги „преживеат“ ребалансите, бидејќи сепак останале само на хартија во ревидираните буџети. За време на оваа голема енергетска криза кога цените на енергијата, но и на сите останати производи, се вивнаа до плафон, достигнувајќи годишна стапка на инфлација речиси до 20 % во октомври лани, општините со ребалансите всушност ги зголемиле своите планови за трошење, но за тековни потреби. Почетните буџети на општините во 2022 година изнесувале 45.050.433.609 денари (732.527.375 евра). Со ребалансите на буџетите, оваа сума е дури зголемена за 5,24 %, односно за 2.361.703.989 денари (38.401.691 евра). Со тоа, вкупниот буџет на сите ЕЛС достигнал 47.412.137.598 денари (770.929.066 евра), но, на крајот од годината, реализирани се 83,73 % од оваа сума, односно 39.697.534.979 денари (645.488.374 евра).
октомври 30, 2023611

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ЗГОЛЕМЕНИТЕ БУЏЕТСКИ ТРОШОЦИ НА ОПШТИНИТЕ ОД КРИЗАТА ВО 2022 ГОДИНА ВРЗ ОБЛАСТИТЕ КОИ ВЛИЈААТ ВРЗ ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ

Бројни патишта и улици, булевари, тротоари, плоштади, комунална инфраструктура, градинки и училишта, гасификации на општините – останале нереализирани во 2022 година бидејќи локалните власти, со ребалансите на буџетите, ги скратиле овие проекти од своите планови за капитални инвестиции, за сметка на поголемите трошоци за енергија во екот на енергетската и економската криза.

Не се реализирале целосно ниту проектите што успеале да ги „преживеат“ ребалансите, бидејќи сепак останале само на хартија во ревидираните буџети.

За време на оваа голема енергетска криза кога цените на енергијата, но и на сите останати производи, се вивнаа до плафон, достигнувајќи годишна стапка на инфлација речиси до 20 % во октомври лани, општините со ребалансите всушност ги зголемиле своите планови за трошење, но за тековни потреби.

Почетните буџети на општините во 2022 година изнесувале 45.050.433.609 денари (732.527.375 евра). Со ребалансите на буџетите, оваа сума е дури зголемена за 5,24 %, односно за 2.361.703.989 денари (38.401.691 евра). Со тоа, вкупниот буџет на сите ЕЛС достигнал 47.412.137.598 денари (770.929.066 евра), но, на крајот од годината, реализирани се 83,73 % од оваа сума, односно 39.697.534.979 денари (645.488.374 евра).