Петтиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи, односно услуги:
– агенциска провизија за привремени вработувања;
– ISO 9001 Стандард за квалитет;
– антифриз;
– миење возила и
– негазирана вода.
Изборот на овие производи и услуги е направен бидејќи тоа се често користени производи и услуги од страна на институциите на национално и на локално ниво.
Сепак, со оглед на фактот што, од една страна, методологијата на изработка на индексот подразбира споредба на цени на најмалку пет институции, а од друга страна, не секогаш се добиваат бараните информации од институциите или, пак, кога ќе се добијат, тие не се споредливи, за изработка на индексот за дел од избраните производи и услуги, освен во 2012 година, вклучени се и набавки реализирани во претходните години.