Индекс на рационалност 3

Индекс на рационалност 3 Преземање на отпечатената верзијата Индекс на рационалност 3 и 4Третиот индекс на рационалност е изработен за следните пет видови производи, односно услуги: писмен превод од македонски на англиски јазик; клима-уреди; физичко обезбедување; лаптоп-компјутери и ГПС уреди за возила. Изборот на овие производи е направен како често користени производи и услуги од страна на институциите на национално и на локално ниво.Сепак, со оглед на фактот што од една страна методологијата на изработка на индексот подразбира споредба на цени на најмалку пет институции, а од друга страна не секогаш се добиваат бараните информации од институциите или, пак, кога ќе се добијат, тие не се споредливи, за изработка на индексот за дел од избраните производи и услуги, освен во 2011 година, вклучени се и набавки реализирани во претходните години.За да се обезбедат потребните податоци за изработка на индексот на овие пет производи (клима уреди, лаптоп-компјутери и ГПС уреди за возила), односно услуги (писмен превод и физичко обезбедување), ЦГК достави до институциите на национално и локално ниво 94 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки. Идејата е, низ изработка на индексите на овие пет видови производи односно услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи, односно услуги.
март 3, 20126145

Индекс на рационалност 3

Преземање на отпечатената верзијата Индекс на рационалност 3 и 4

Третиот индекс на рационалност е изработен за следните пет видови производи, односно услуги:

  • писмен превод од македонски на англиски јазик;
  • клима-уреди;
  • физичко обезбедување;
  • лаптоп-компјутери и
  • ГПС уреди за возила.

Изборот на овие производи е направен како често користени производи и услуги од страна на институциите на национално и на локално ниво.

Сепак, со оглед на фактот што од една страна методологијата на изработка на индексот подразбира споредба на цени на најмалку пет институции, а од друга страна не секогаш се добиваат бараните информации од институциите или, пак, кога ќе се добијат, тие не се споредливи, за изработка на индексот за дел од избраните производи и услуги, освен во 2011 година, вклучени се и набавки реализирани во претходните години.

За да се обезбедат потребните податоци за изработка на индексот на овие пет производи (клима уреди, лаптоп-компјутери и ГПС уреди за возила), односно услуги (писмен превод и физичко обезбедување), ЦГК достави до институциите на национално и локално ниво 94 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки. Идејата е, низ изработка на индексите на овие пет видови производи односно услуги, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи, односно услуги.