ИНДЕКС НА РАЦИОНАЛНОСТ 14

Планираната, а неспроведена е-аукција носи највисоки цени СКОПЈЕ, 21 март 2016 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 14 во кој се споредени цените по кои се купувани метални архивски ормари, јаглен и училишни столчиња. Најголемата разлика во цената е евидентирана во набавката на јаглен, а најмала во набавката на заштитните гумени чизми. Поконкретно евидентирани се следните разлики: метални архивски ормани ги чинеле институциите од 6.476 до 14.293 денари за 1 орман, со речиси идентични димензии со што највисоката цена е за дури 121% повисока од најниската; јагленот е купуван по цени кои се движат од 1.652 денари до 4.720 денари за еден тон со што највисоката цена е за дури 186% повисока од најниската; училишни столчиња со стандардни димензии се купувани по цени кои се движат од 505 до 1.062 денари, што значи дека највисоката цена е за 110% повисока од најниската и заштитни гумени чизми, високи до колена ги чинеле комуналните претпријатија од 400 до 728 денари за пар со што највисоката цена платена за оваа услуга е за 82% поголема од најниската цена. Обидот за изработка на индексот на рационалноста за чистење на речни корита не можеше да се реализира, бидејќи не можеше да се пронајде заедничка, единица мерка врз основа на која би ги споредиле трошоците за оваа услуга. Извештајот од Индексот на рационалноста е достапен овде. Повеќе информации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.
март 21, 20167014

Проектот на УСАИД за граѓанско општество го спроведува Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

 

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страницата www.facebook.com/USAIDMacedonia.