Индекс на рационалност 1

Индекс на рационалност 1ГЕНЕРАЛЕН ЗАКЛУЧОК Индексот на рационалност се пресметува за првпат во Македонија и тој би требало да претставува еден вид инструмент на државните институции за подобрување на рационалноста при јавните набавки, односно во трошењето на јавните пари.Во оваа прва анализа, индексот на рационалност е пресметан за пет предмети на набавки. Кај секоја од нив индексот покажува значајни разлики во цената, односно во вредноста по која различни државни институции ги купуваат анализираните производи и услуги. Соодносот меѓу најниската и највисоката цена кај еден час зимско одржување изнесува 1 : 2,5, кај еден тон индустриска сол е 1 : 5,5, кај еден топ стандардна хартија за фотокопирање изнесува 1 : 2, кај попустите во цената на маслото за греење ЕЛ-1 тој е 1 : 4, а во вредноста на склучените договори за новогодишно украсување изнесува 1 : 30. Притоа, треба да се има предвид дека кај најголем дел од анализираните случаи, наспроти економските законитости, пониските цени не се постигнати за купување на поголеми количини. Сево ова е показател дека државните институции мораат посериозно да настојуваат да ги трошат јавните пари порационално. Освен разликите во цените, анализата покажува дека постојат големи разлики кај државните институции во условите под кои ги спроведуваат набавките на исти производи и услуги. Имајќи го ова предвид, се наметнува потребата државните институции подетално да го истражуваат пазарот пред да ги објавуваат тендерите и да изберат пристап при набавките што ќе гарантира подомаќинско трошење на јавните пари.
февруари 27, 20125620

Индекс на рационалност 1

ГЕНЕРАЛЕН ЗАКЛУЧОК

Индексот на рационалност се пресметува за првпат во Македонија и тој би требало да претставува еден вид инструмент на државните институции за подобрување на рационалноста при јавните набавки, односно во трошењето на јавните пари.

Во оваа прва анализа, индексот на рационалност е пресметан за пет предмети на набавки. Кај секоја од нив индексот покажува значајни разлики во цената, односно во вредноста по која различни државни институции ги купуваат анализираните производи и услуги. Соодносот меѓу најниската и највисоката цена кај еден час зимско одржување изнесува 1 : 2,5, кај еден тон индустриска сол е 1 : 5,5, кај еден топ стандардна хартија за фотокопирање изнесува 1 : 2, кај попустите во цената на маслото за греење ЕЛ-1 тој е 1 : 4, а во вредноста на склучените договори за новогодишно украсување изнесува 1 : 30. Притоа, треба да се има предвид дека кај најголем дел од анализираните случаи, наспроти економските законитости, пониските цени не се постигнати за купување на поголеми количини. Сево ова е показател дека државните институции мораат посериозно да настојуваат да ги трошат јавните пари порационално.

Освен разликите во цените, анализата покажува дека постојат големи разлики кај државните институции во условите под кои ги спроведуваат набавките на исти производи и услуги.

Имајќи го ова предвид, се наметнува потребата државните институции подетално да го истражуваат пазарот пред да ги објавуваат тендерите и да изберат пристап при набавките што ќе гарантира подомаќинско трошење на јавните пари.