Индекс на рационалност бр.19

Деветнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве три видови производи: - прочистувачи на воздух;- лаптоп компјутери и- индустриска сол. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи се вклучени 21 институција на национално и на локално ниво кои во текот на 2020 и 2021 година имале ваков вид набавка. Во изработката на индексите, цените на избраните производи и услуги се обезбедуваа преку барања за пристап до информациите од јавен карактер, доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки. Идејата е, со изработка на индексот на овие три вида производи, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи и во иднина да работат врз подобрување на рационалноста во трошењето на јавните пари.
октомври 4, 20221779

Деветнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве три видови производи:

– прочистувачи на воздух;
– лаптоп компјутери и
– индустриска сол.

Во изработката на индексот на рационалност за овие производи се вклучени 21 институција на национално и на локално ниво кои во текот на 2020 и 2021 година имале ваков вид набавка. Во изработката на индексите, цените на избраните производи и услуги се обезбедуваа преку барања за пристап до информациите од јавен карактер, доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки. Идејата е, со изработка на индексот на овие три вида производи, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи и во иднина да работат врз подобрување на рационалноста во трошењето на јавните пари.