Индекс на рационалност бр.18

Осумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве три видови производи: - училишни интерактивни табли; - пeлети со топлинска моќност од минимум 4,6 kwh/kg и пелети со топлинска моќност од 4,9 до 5,3 kwh/kg и - хартија за печатење. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи се вклучени 36 институции на национално и на локално ниво коишто во текот на втората половина од 2021 година имале ваков вид набавка. Во изработката на индексите, цените на избраните производи, како и техничките карактеристики на производите се обезбедуваа преку барања за пристап до информациите од јавен карактер што беа доставени до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки. Идејата е, со изработка на индексот на овие три вида производи, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи и во иднина да работат врз подобрување на рационалноста во трошењето на јавните пари.
октомври 4, 20221796

Осумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве три видови производи:

  • – училишни интерактивни табли;
  • – пeлети со топлинска моќност од минимум 4,6 kwh/kg и пелети со топлинска моќност од 4,9 до 5,3 kwh/kg и
  • – хартија за печатење.

Во изработката на индексот на рационалност за овие производи се вклучени 36 институции на национално и на локално ниво коишто во текот на втората половина од 2021 година имале ваков вид набавка. Во изработката на индексите, цените на избраните производи, како и техничките карактеристики на производите се обезбедуваа преку барања за пристап до информациите од јавен карактер што беа доставени до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки. Идејата е, со изработка на индексот на овие три вида производи, да се детектираат евентуалните разлики во цените и да им се помогне на договорните органи да ги осознаат движењата на цените за овие производи и во иднина да работат врз подобрување на рационалноста во трошењето на јавните пари.