Индекс на активна транспарентност 2020

МИНИМАЛНО ПОДОБРУВАЊЕ НА АКТИВНАТА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ВО 2020 ГОДИНА                           Денес, 19 јуни 2020 година, Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2020 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: - Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100 %) и според градацијата на нивоата, спаѓа во ’просечна‘ активна транспарентност. Активната транспарентност во 2020 година е подобрена само за минимални 2,2 процентни поени во однос на лани, кога изнесуваше 56 %. - Кај министерствата, по три години континуиран пораст, во 2020 година се забележува стагнација и дури и мало намалување на активната транспарентност. Таа годинава изнесува 77,1 %, за разлика од ланските 77,6 %. - Сепак, активната транспарентност на министерствата сè уште е значително подобра од онаа на општините, која изнесува 54,5 % и по неколкугодишното намалување бележи пораст втора година по ред. - За првпат во последните пет години откако се изработува овој индекс, едно министерство се наоѓа на врвот на табелата. Годинава на прво место со најголема активна транспарентност е Министерството за одбрана (97,9 %), следено дури од осум општини, меѓу кои прва е Велес (94,4 %) - Во однос на регионите, нема промена од лани. На прво место е Источниот Регион (68,3 %), додека на последно останува Скопскиот Регион (44,4 %)....
јуни 19, 20206459

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. За повеќе информации за работата на Центарот за граѓански комуникации, посетете ја нашата веб-страница www.ccc.org.mk и http://www.opendata.mk/.


БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 830 милиони долари во Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е водечка меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до развојни постигнувања. Работата на УСАИД ја унапредува националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја отсликува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации за работата на УСАИД во Северна Македонија, посетете ја нашата веб-страница https://www.usaid.gov/north-macedonia и следете нѐ на YouTube, Твитер и Фејсбук.