Има простор за законски измени и за унапредување на јавните набавки во Македонија

Скопје, 18 октомври - Учесниците на конференцијата за јавни набавки која се одржа денеска во Скопје во организација на Центарот за граѓански комуникации заеднички заклучија дека има потреба и простор од измени и дополнувања на законската регулатива за јавните набавки во земјава во насока на намалување на злоупотребите во трошењето на јавните пари. Основа за дискусија беа наодите од  Мониторингот на јавните набавки во Македонија (.pdf) во кои се констатирани главните слабости во процесот на јавните набавки како што се: намалување на интересот на компаниите за учество на тендерите, честото поништување на постапките, користење на спорни елементи во изборот на најповолна понуда, фаворизирање преку дефинирање на тендерските документации итн. Претседателот на ГРЕКО (Групата земји за борба против корупција при Советот на Европа), Драго Кос го пренесе особено словенечкото искуство во оваа област и понуди неколку мерки за намалување на корупцијата во јавните набавки кои се преземаат во другите земји од ЕУ, меѓу кои вметнување на т.н. антикорупциска клаузула во секој договор за јавни набавки поголем од 10.000 евра и обврска за доставување на имотен лист на сите лица од договорните органи вклучени во јавните набавки. {vimeo}15951776{/vimeo} Дел од учесниците повикаа на предвидување на казнени одредби во самиот закон, барем за престапите од прекршочен карактер, имајќи предвид дека од скоро потешките злоупотреби во јавните набавки се третираат како кривично дело според Кривичниот законик. Директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска ги претстави досегашните напори на оваа институција за унапредување на системот за јавни набавки, како и планираното воведување во обуките за јавни набавки што...
октомври 18, 20105696

Скопје, 18 октомври – Учесниците на конференцијата за јавни набавки која се одржа денеска во Скопје во организација на Центарот за граѓански комуникации заеднички заклучија дека има потреба и простор од измени и дополнувања на законската регулатива за јавните набавки во земјава во насока на намалување на злоупотребите во трошењето на јавните пари.

Основа за дискусија беа наодите од  Мониторингот на јавните набавки во Македонија (.pdf) во кои се констатирани главните слабости во процесот на јавните набавки како што се: намалување на интересот на компаниите за учество на тендерите, честото поништување на постапките, користење на спорни елементи во изборот на најповолна понуда, фаворизирање преку дефинирање на тендерските документации итн.

Претседателот на ГРЕКО (Групата земји за борба против корупција при Советот на Европа), Драго Кос го пренесе особено словенечкото искуство во оваа област и понуди неколку мерки за намалување на корупцијата во јавните набавки кои се преземаат во другите земји од ЕУ, меѓу кои вметнување на т.н. антикорупциска клаузула во секој договор за јавни набавки поголем од 10.000 евра и обврска за доставување на имотен лист на сите лица од договорните органи вклучени во јавните набавки.

{vimeo}15951776{/vimeo}

Дел од учесниците повикаа на предвидување на казнени одредби во самиот закон, барем за престапите од прекршочен карактер, имајќи предвид дека од скоро потешките злоупотреби во јавните набавки се третираат како кривично дело според Кривичниот законик.

Директорката на Бирото за јавни набавки, Маре Богева Мицовска ги претстави досегашните напори на оваа институција за унапредување на системот за јавни набавки, како и планираното воведување во обуките за јавни набавки што ги спроведува бирото на посебен модул за спречување на корупцијата.

На конференцијата присуствуваа повеќе од 60 учесници од сите засегнати страни во процесот на јавните набавки, како и домашни и странски експерти и претставници на домашни и странски институции и организации.

IMG_9274

Flickr_albumid=[72157625190398772]