Извештај бр.3 од мониторингот на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот

Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда. Главните наоди за овој мониторинг период вклучуваат: - Вредноста на договорите за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот надмина 3,2 милиони евра и досега се склучени 142 договори. - Дури 71 % од вредноста на склучените договори отпаѓа само на пет фирми. - Во отсуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените. Во овој период, најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари за парче. - За повеќе од половина од склучените договори (59 %), институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето. - Во секој втор склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач. - Сѐ уште нема информации за исходот од владините огласи за интервентни набавки на маски и ракавици. За поцелосен увид на јавноста во набавките поврзани со КОВИД-19, брифовите се проследени и со објавување преглед на договорите и одлуките за избор во отворен формат на веб-платформата на Центарот за граѓански комуникации, www.opendata.mk. --------------------------------------------------------- Линкови до првиот извештај објавен на 06.04.2020 година: Бриф број 1 и до базата на податоци на 06.04.2020 година: База на договори и одлуки за избор до 06.06.2020 Линкови до вториот извештај...
мај 20, 20206982

Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.

Главните наоди за овој мониторинг период вклучуваат:

Вредноста на договорите за итните јавни набавки поврзани со заштита од коронавирусот надмина 3,2 милиони евра и досега се склучени 142 договори.

Дури 71 % од вредноста на склучените договори отпаѓа само на пет фирми.

Во отсуство на упатство или стандардни обрасци за набавка, продолжуваат значајните разлики во цените. Во овој период, најголеми разлики се забележуваат кај скафандерите и ракавиците. Скафандерите се купувале по цени од 262 до 1.156 денари, а ракавиците од 2,83 до 9,32 денари за парче.

За повеќе од половина од склучените договори (59 %), институциите ја прекршиле законската обврска да ги објават договорите во рок од десет дена од потпишувањето.

Во секој втор склучен договор за итните јавни набавки поврзани со коронавирусот се преговарало само со еден понудувач.

Сѐ уште нема информации за исходот од владините огласи за интервентни набавки на маски и ракавици.

За поцелосен увид на јавноста во набавките поврзани со КОВИД-19, брифовите се проследени и со објавување преглед на договорите и одлуките за избор во отворен формат на веб-платформата на Центарот за граѓански комуникации, www.opendata.mk.

———————————————————

Линкови до првиот извештај објавен на 06.04.2020 година: Бриф број 1 и до базата на податоци на 06.04.2020 година: База на договори и одлуки за избор до 06.06.2020

Линкови до вториот извештај објавен на 22.04.2020 година: Бриф број 2 и до базата на податоци на 22.04.2020 година: База на договори и одлуки за избор до 20.04.2020 година.