Здравствен сектор: Продлабочување на корупцијата

Здравствениот сектор во Република Македонија е сериозно загрозен од разни облици на корупција кои се одвиваат во два сегмента: корупција во набавките на лекови, медицински материјали и опрема и корупција при давањето на здравствените услуги. Ова значи дека личен интерес на штета на граѓаните се остварува во сите сфери на јавното здравство. Истражувањето покажа дека широкиот простор за злоупотреба во здравствениот сектор главно е овозможен поради: непостоењето на јасни процедури за набавките, исклучително слабата контрола на трошењето на парите на здравствените корисници, злоупотребата на позицијата дека станува збор за здравје и за човечки живот, како и големата солидарност меѓу лекарите и прикривањето на корупцијата гледајќи на неа како компензација за ниските плати наспроти високата стручност. Голем придонес во продлабочувањето на корупцијата во овој сектор има и отсуството на одговорност за направените злоупотреби.Преземете го целиот извештај (PDF формат, 100 KB)
февруари 14, 20126521

Здравствениот сектор во Република Македонија е сериозно загрозен од разни облици на корупција кои се одвиваат во два сегмента: корупција во набавките на лекови, медицински материјали и опрема и корупција при давањето на здравствените услуги. Ова значи дека личен интерес на штета на граѓаните се остварува во сите сфери на јавното здравство. Истражувањето покажа дека широкиот простор за злоупотреба во здравствениот сектор главно е овозможен поради: непостоењето на јасни процедури за набавките, исклучително слабата контрола на трошењето на парите на здравствените корисници, злоупотребата на позицијата дека станува збор за здравје и за човечки живот, како и големата солидарност меѓу лекарите и прикривањето на корупцијата гледајќи на неа како компензација за ниските плати наспроти високата стручност. Голем придонес во продлабочувањето на корупцијата во овој сектор има и отсуството на одговорност за направените злоупотреби.

Преземете го целиот извештај (PDF формат, 100 KB)