Детектирање на ризиците од корупција во јавните набавки поврзани со заштита на животната средина

Скопје, 19.10.2022  Претставници на граѓански организации од областа на заштитата на животната средина и борбата против корупцијата разменуваа идеи и сознанија за детектирање на ризиците од корупција во јавните набавки поврзани со заштита на животната средина, како и за поцелосно опфаќање на состојбата со одржливите јавни набавки во земјава.
октомври 19, 20222065

 

На работилницата беа претставени сознанијата од досегашното истражување на Центарот за граѓански комуникации од спроведените „зелени набавки“ во земјава, како и набавките кои би можело, а немале елементи на заштита на животната средина. Резултатите од мониторингот и од истражувањњето ќе бидат претставени кон крајот на годината, заедно со препораки за унапредување на „зелените набавки“ и за заштита од корупцијата во оваа област.

Активностите се спроведуваат во рамките на проектот „Прилагодување кон климатските промени преку спречување на корупцијата во јавните набавки“ што го спроведуваат Центарот за граѓански комуникации и Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, а е финансиски поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија.