Слабостите констатирани во анализата ја потврдија потребата од засилување на интегритетот и намалување на ризиците од корупција во јавните претпријатија и акционерските друштва. Во таа насока, по оваа анализа ќе следува и индивидуален скрининг на 37-те претпријатија, во којшто ќе биде даден приказ на клучните параметри што ги отсликуваат јавните набавки на ниво на претпријатие, како и на кадровските капацитети и внатрешните политики на таргетираните претпријатија. Целта е скринингот на состојбите да биде искористен во насока на приспособување на планираните работилници и обуки за претставниците на јавните претпријатија и акционерски друштва кон надминување на реалните слабости во спроведувањето на јавните набавки и максимизирање на ефектите од градењето на кадровските капацитетите и развивањето индивидуални планови за интегритет во јавните набавки. Во оваа насока, во изминатиот период Центарот за граѓански комуникации склучи писма за намери со основачите на таргетираните акционерски друштва и јавни претпријатија, и тоа со Владата на РСМ, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга, во кои е наведено дека по детектирањето на генераторите на корупцијата во јавните набавки кај овие претпријатија ќе се постават стандарди за унапредување на отчетноста и интегритетот и ќе се даде поддршка за воспоставување одржливи механизми за унапредување на начинот на спроведување на јавните набавки.
Детектирани ризиците од корупција во тендерите на државните и на општинските претпријатија
Денес, 6 октомври 2020 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“. (Истражувањето на албански јазик е достапно овде). Ризиците од корупција се мапирани врз основа на длабочински мониторинг на тендерите на 37 акционерски друштва и претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Кавадарци, Гостивар и Струга. Во 2019 година, овие претпријатија склучиле договори за јавни набавки во вредност од 247 милиони евра, што е 27 % од вкупните јавни набавки на земјата. Клучни наоди од анализата: Констатирани се ризици од корупција кои се манифестираат преку чести и значајни измени на плановите за јавни набавки, како и преку ниската реализација на плановите. Кај 16 од 37 претпријатија, реализацијата на плановите за јавни набавки е пониска од 50 %. Највиско ниво на реализација на планот имало АД МИА со 96 %, а најниско АД Водостопанство од само 1 %. Концентрацијата на една фирма во јавните набавки на одредена институција, како еден од најрелевантните индикатори за постоење на ризик од корупција, е проблем којшто е евидентиран кај голем дел од анализираните претпријатија и акционерски друштва. Кај речиси една третина од нив, концентрацијата на набавките кај една фирма е поголема од 40 %. Според вредноста на договорите најголем удел на една фирма има кај АД Електрани, а според процентуално учество во АД Водостопанство. Третина од таргетираните претпријатија ја применувале нетранспарентната постапка со преговарање без објавување оглас. Високи удели на овие набавки во вкупната вредност на набавките се евидентирани...
октомври 6, 20205110