Дебата: Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните

ИНВЕСТИЦИИ ОД 170 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КОИ ЗАВИСИ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ СКРАТЕНИ ВО 2022 ГОДИНА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ РАСХОДИ ВО БУЏЕТОТ НАМЕТНАТИ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА Скопје, 6 октомври 2023 година. На денешната јавна дебата за „ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ беше објавено „Истражувањето на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.“ Истражувањето покажува дека покривањето на дополнителните расходи кои ги наметна енергетската криза довеле до големо кратење на инвестиции од кои зависи квалитетот на живот на граѓаните. Само во 2022 година од централната власт не биле реализирани проекти во вредност од 170 милиони евра како што се: реновирање на здравствени установи, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, опрема за образовни институции, како и проекти за унапредување на животната средина. Покрај ова, и општините не реализирале капитални проекти во вредност од 50 милиони евра, така што во 2022 година во државата не биле реализирани проекти, кои се од важност на граѓаните, во вкупна вредност од најмалку 220 милиони евра. Поконкретно, за реконструкција и доградба на здравствени објекти во 2022 биле планиран 14 милиони евра, а се реализирале само 3,5 милиони евра, потоа во секторот на социјалната заштита биле планирани проекти за  изградба и реновирање на детски градинки и домови за стари лица во вредност од 5,5 милиони евра, но тие останале без реализација, а инвестициите во образованието во насока на изградба и реновирање на училишта од планираните...
октомври 6, 2023562

ИНВЕСТИЦИИ ОД 170 МИЛИОНИ ЕВРА ОД КОИ ЗАВИСИ КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ СЕ СКРАТЕНИ ВО 2022 ГОДИНА ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИТЕ РАСХОДИ ВО БУЏЕТОТ НАМЕТНАТИ ОД ЕНЕРГЕТСКАТА КРИЗА

Скопје, 6 октомври 2023 година. На денешната јавна дебата за „ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ беше објавено „Истражувањето на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.“

Истражувањето покажува дека покривањето на дополнителните расходи кои ги наметна енергетската криза довеле до големо кратење на инвестиции од кои зависи квалитетот на живот на граѓаните. Само во 2022 година од централната власт не биле реализирани проекти во вредност од 170 милиони евра како што се: реновирање на здравствени установи, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, опрема за образовни институции, како и проекти за унапредување на животната средина.
Покрај ова, и општините не реализирале капитални проекти во вредност од 50 милиони евра, така што во 2022 година во државата не биле реализирани проекти, кои се од важност на граѓаните, во вкупна вредност од најмалку 220 милиони евра.

Поконкретно, за реконструкција и доградба на здравствени објекти во 2022 биле планиран 14 милиони евра, а се реализирале само 3,5 милиони евра, потоа во секторот на социјалната заштита биле планирани проекти за  изградба и реновирање на детски градинки и домови за стари лица во вредност од 5,5 милиони евра, но тие останале без реализација, а инвестициите во образованието во насока на изградба и реновирање на училишта од планираните 20 се скратени на 10 милиони евра.

Воедно, за да се прикрие ударот на енергетската криза врз капиталните инвестиции во 2022 година, дури 28 % од капиталните расходи односно 130 милиони евра биле потрошени за исплати кои не може да се сведат под категоријата „капитални“. Станува збор за дел од исплатите кон АД Електрани за надминување на енергетска криза, како и плаќања на гаранции по рати за кредити на државните претпријатија.

На денешната дебата во присуство на 40-ина претставници на државните институции и вклучени страни беа дискутирани предлозите за мерки кои треба да овозможат трошењата да бидат во најдобар интерес на граѓаните.

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Цивика мобилитас. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.