Граѓаните се почесто жртви на странски фалсификатори на картички

Proekt Korupcija - Даниела ТрпчевскаПратеникот Јани Макрадули минатата година беше жртва на странски фалсификатори на кредитни картички, кои од неговата сметка успеале да одземат околу 200 евра. Индонезиски фалсификатор преку фалсификувана „виза" картичка, од сметката на потпретседателот Макрадули успеал да симне околу 200 евра. Трансакцијата била направена на 8 септември, дента кога во Собранието Макрадули го славел Денот на независноста. По извесно време му пристигнало известување од Стопанска банка за потрошените пари. Макрадули се соменав дека неговата картичка веројатно била скимирана кога пред една година престојувал во Индонезија, или пак едноставно неговите податоци биле пробиени компјутерски и биле вметнати во бланко картица, која била употребена за купување во продавници.  За среќа целата приказна завршила добро, бидејќи Стопанска банка, по три месеци му ги вратила парите, отоако била докаѓана злоупотребата. „По неколку месеци банката ми ги рефундираше средствата, откако се ѓалев и докаѓав дека во тој период кога е употребена картицата воопшто не сум бил во Индонезија“, вели Макрадули, кој е единствен кој јавно проговорил за злоупотребата на неговата кредитна картичка.Тој веројатно е една од многуте жртви на комјутерски криминал со скимирана картичка надвор од земјава. Пред две години во земјава беше откриен првиот случај на ваква измама, кога на банкомати во Трговскиот центар беа откриени скимери, направи за крадење на податоците од кредитните картички. Групата беше разбиена, и од тогаш велат во МВР, друг таков случај не бил реализиран.„Скимери во Скопје повеќе нема. По минатогодишната акција го сузбивме овој начин на крадење на податоци од граѓаните. Крадците се повеќе се одлучуваат на други начини на...
март 15, 20123474

Proekt Korupcija – Даниела Трпчевска
Пратеникот Јани Макрадули минатата година беше жртва на странски фалсификатори на кредитни картички, кои од неговата сметка успеале да одземат околу 200 евра. Индонезиски фалсификатор преку фалсификувана „виза” картичка, од сметката на потпретседателот Макрадули успеал да симне околу 200 евра. Трансакцијата била направена на 8 септември, дента кога во Собранието Макрадули го славел Денот на независноста. По извесно време му пристигнало известување од Стопанска банка за потрошените пари. Макрадули се соменав дека неговата картичка веројатно била скимирана кога пред една година престојувал во Индонезија, или пак едноставно неговите податоци биле пробиени компјутерски и биле вметнати во бланко картица, која била употребена за купување во продавници.  

За среќа целата приказна завршила добро, бидејќи Стопанска банка, по три месеци му ги вратила парите, отоако била докаѓана злоупотребата. „По неколку месеци банката ми ги рефундираше средствата, откако се ѓалев и докаѓав дека во тој период кога е употребена картицата воопшто не сум бил во Индонезија“, вели Макрадули, кој е единствен кој јавно проговорил за злоупотребата на неговата кредитна картичка.
Тој веројатно е една од многуте жртви на комјутерски криминал со скимирана картичка надвор од земјава. Пред две години во земјава беше откриен првиот случај на ваква измама, кога на банкомати во Трговскиот центар беа откриени скимери, направи за крадење на податоците од кредитните картички. Групата беше разбиена, и од тогаш велат во МВР, друг таков случај не бил реализиран.

„Скимери во Скопје повеќе нема. По минатогодишната акција го сузбивме овој начин на крадење на податоци од граѓаните. Крадците се повеќе се одлучуваат на други начини на измама, затоа што скимерите бараат посебни комјутерски вештини и не може секој да ги употребува.

Скимерот, или направата за читање на платежни картички е апарат кој е помал од кутија за цигари, со огромна меморија на снимање. Ако првите скимери можеле да снимат неколку стотина броја, сега се во прашање илјадници броеви и пинови на картици кои апаратот може да ги меморира. Откако ќе биде вграден во банкоматот, ги чита броевите и пиновите на картичките со кои што граѓаните повлекуваат пари, или пак проверуваат колку средства имаат на сметката. Со помош на овој апарат група момчиња од Скопје, заедно со хакер од Бугарија, олеснија банкомат во ГТЦ, подигнувајќи пари од неколку сметки.

„Криминалците поставуваат и вметната тастатура со која се крадат пин кодовите, или пак поставуваат камери кои се безжично поврзани со лаптоп во близина, преку што се снимаат податоците кои граѓаните ги внесуваат во банкоматите“, велат инспекторите. Најчесто мета на криминалците се особено фреквентни места на кои се подигнуваат повеќе пари. Генијалноста е во тоа никој да не ги забележи дека вметнале некоја направа за крадење податоци, а кога ќе ги извлекуваат средствата од пикираните сметки, банките тоа да не го забележат. Во светот има примери каде хакерите се дрзнуваат не само да вградуваат апаратчиња за читање податоци, туку на фреквентни места поставуваат и цели лажни банкомати. Па така, во Шпанија со еден ваков лажен банкомат беа пробиени дури 30 илјади картици. Постои и рачен скимер, кој се користи во ситуации кога се плаќа во кафеани. Картицата се дава во кафеана за да се наплати со неа, кој веднаш ја поминува на раката и ги скимира сите неопходни податоци за нејзина злоупотреба. Ваков случај досега не е забележан во земјава, но во светски рамки е често користена тактика за измама со кредитни картички.

Иако во земјава скимери, како што велат од полицијата, повеќе нема, често се случува од банкоматите да се вадат пари со картици скимирани надвор од земјава. „Сепак, штетите од оваа измама не се повеќе од 1.500 евра, затоа што лимитите на домашните картици се се уште многу мали, во однос на странските“, вели Љупчо Тодоровски, раководител на отсекот за корупција, перење пари, фалсификување и компјутерски криминал при Одделението за економски криминал во СВР Скопје.