Граѓаните на тацна им ги даваат кредитните картички на крадците

Пин кодот на дебитните и кредитните картички треба да го знае само  сопственикот на сметката. Таквите податоци тој никако не смее да ги дава на членови на своето семејство, пријатели или други лица. Картичката треба да се чува одвоено од пин кодот, оти ако таа биде предмет на кражба, автоматски на тацна на крадецот му се нуди и заштитната шифра. Граѓаните често од незнаење прават банални грешки – пин кодот го запишуваат на ливче кое го залепуваат на кредитната картичка, или пак го внесуваат во мобилниот телефон, или на ливчиња кои ги чуваат во паричникот. Ова се укажувањата на надлежните од скопската единица за борба против компјутерски криминал, кои последниве години по воведувањето на платежните картички имаат полни раце работа.Нивното искуство покажува дека најчесто злоупотребите на кредитните се случуваат поради нивна кражба, изгубени документи поради невнимание или пак злоупотреби од страна на членови на блиската фамилија, роднини или цимери. Така, се присетуваат инспекторите, имало случај на двајца студенти кои живееле заедно, од кои едниот пријавил во полиција можна злоупотреба на неговата картичка. Истрагата покажала дека картицата била употребена од страна на неговиот цимер, кој го знаел пин кодот на картицата на оштетениот.„Кога ќе пријави некој злоупотреба на картицата, секогаш проверуваме дали некој друг од фамилијата му ја користи. Понекогаш се случувало сопругата да  пријави злоупотреба, а потоа да се утврди дека можеби сопругот, некое од децата или пак роднини кои го знаеле пин кодот, ја искористиле нејзината картица за да повлечат пари од сметката”, велат инспекторите за компјутерски криминал. Често се случува и родителите, доколку...
март 4, 20123414

Пин кодот на дебитните и кредитните картички треба да го знае само  сопственикот на сметката. Таквите податоци тој никако не смее да ги дава на членови на своето семејство, пријатели или други лица. Картичката треба да се чува одвоено од пин кодот, оти ако таа биде предмет на кражба, автоматски на тацна на крадецот му се нуди и заштитната шифра. Граѓаните често од незнаење прават банални грешки – пин кодот го запишуваат на ливче кое го залепуваат на кредитната картичка, или пак го внесуваат во мобилниот телефон, или на ливчиња кои ги чуваат во паричникот. Ова се укажувањата на надлежните од скопската единица за борба против компјутерски криминал, кои последниве години по воведувањето на платежните картички имаат полни раце работа.

Нивното искуство покажува дека најчесто злоупотребите на кредитните се случуваат поради нивна кражба, изгубени документи поради невнимание или пак злоупотреби од страна на членови на блиската фамилија, роднини или цимери. Така, се присетуваат инспекторите, имало случај на двајца студенти кои живееле заедно, од кои едниот пријавил во полиција можна злоупотреба на неговата картичка. Истрагата покажала дека картицата била употребена од страна на неговиот цимер, кој го знаел пин кодот на картицата на оштетениот.
„Кога ќе пријави некој злоупотреба на картицата, секогаш проверуваме дали некој друг од фамилијата му ја користи. Понекогаш се случувало сопругата да  пријави злоупотреба, а потоа да се утврди дека можеби сопругот, некое од децата или пак роднини кои го знаеле пин кодот, ја искористиле нејзината картица за да повлечат пари од сметката”, велат инспекторите за компјутерски криминал.

Често се случува и родителите, доколку не можат сами да одат, да им ги даваат картиците на децата за да им извадат пари од банкомат. „Потоа без нивно знаење, доколку им требаат пари, децата си повлекуваат мали суми. Целиот случај се обелоденува, кога некој од родителите ќе пријави дека картицата му е злоупотребена“, велат во МВР.

Оштетените обично покренуваат постапка и поднесуваат кривична пријава за оние што неовластено им повлекле пари од банкарската сметка, но кога истрагата ќе покаже дека член на нивната фамилија го сторил тоа, се повлекуваат. Некои од нив признаваат дека децата им влегле во криза поради што без нивно знаење подигале пари. Но, вистината не може да се сокрие, оти сите банки имаат камери на своите банкомати. Снимките од камерите најчесто откриваат кој ја употребил картицата и каде го сторил тоа.

Сепак наједноставниот и нејчест начин на кој се злоупотребуваат картички во земјава е со кражба на новчаник во кој граѓаните најчесто до картицата го оставаат и пин бројот, со што од незнаење, буквално на тацна им ги нудат своите заштеди на крадците. „Најчесто станува збор за постари лица, кои не го послушале советот дека никогаш заедно не треба да биат чувани картичката и заштитниот под.“, вели Тодоровски.
Надлежните советуваат корисниците да внимаваат каде ги оставаат своите лични податоци, особено да избегнуваат сомнителни веб страници кои бараат потврда на кориснички податоци, па меѓу другото и внесување на броеви од картици и заштитни пинови. На тој начин најлесно се крадат податоците, а граѓаните често се случува да наседнат на оваа измама.

Во земјава досега нема пријава за злоупотреба на пасворд при електронско плаќање, или проверка на банкарските сметки он лине. „Но, хакери клонираат сајтови на банки и вие мислејќи дека се логирате на сајтот на банката, всушност ги давате податоците директно во „устата на хакерите”, велат надлежните.
Во МВР уверуваат дека интернет проверките на салдото кои го имаат граѓаните на кредитните картички во македонските банки се безбедни, бидејќи самите банки имаат воведено висок степен на заштита на интернет страниците, која е дополнително загарантирана преку внесувањето на електронски потпис. „Позитивно е тоа што банките за секоја можна злоупотреба и проблем кој ќе настане, контактираат и не известуваат. Истото се случува и од наша страна доколку имаме сознанија за одредени злоупотреби кај некоја банка, по што проблемот веднаш се обидуваме да го решиме”, укажуваат во МВР.

Банките ги обесштетуваат клиентите таму каде што постои доказ дека без нивна вина е направена злоупотребата. Процедурата за обесштетување обично трае долго, понекогаш и повеќе од 6 месеци, се додека банката не ги испита сите околности за штета која е направена, укажуваат банкарските работници.

„Луѓето треба да сфатат дека картицата треба да ја чуваат, потписот е всушност пинот кој треба да се чува највнимателно што може, да не даваат пинови на никого, да не праќаат лични податоци по интернет во кој се бидат внесени и пин броеви од кредитни картички, да внимаваат на сајтови кои се клонирани на оригиналите и се креирани за крадење на податоци”, вели Љупчо Тодоровски, од скопската единица за борба против компјутерскиот криминал во МВР. Малолетно лице, според неговите сознанија досега не е фатено во измами со кредитни картички.

Текстот објавен во дневникот Утрински весник тука.