Проектот го зголеми влијанието на граѓанското општество од земјите од Западниот Балкан врз антикорупциските политики и практики за време на целиот циклус на јавни набавки, со искористување на евроинтеграцијата како трансформативна агенда. Со акцијата беа опфатени четири главни целни групи со цел да се постигнат поставените цели во сите земји-учеснички: 1) граѓански организации, медиуми и новинари; 2) владите и јавните институции; 3) бизнис-секторот; 4) институциите на ЕУ кои учествуваат во процесот на проширување.
Специфичните цели на проектот се: Зголемување на антикорупциската заедница во Западниот Балкан за засилување на иницијативите за застапување засновано врз факти, како и мониторинг врз јавните набавки и политиките во оваа област; Влијание врз владите од Западниот Балкан да воведат реформи насочени кон воспоставување на одговорни системи на јавни набавки усогласени со правилата на ЕУ и градење на сојузи со јавните институции кои сакаат да се вклучат во реформите; Обезбедување на сеопфатни и навремени информации за состојбата во јавните набавки поврзани со интеграцијата во ЕУ во поглавјата 5, 8 и 23, со што се подобрува влијанието на `грасрут` и други видови на граѓански организации кои работат на донесување на позитивни промени на локално ниво.
Со акцијата се постигнаа следниве резултати:
– Креирање на инструмент за споредување (бенчмарк) со цел да се идентификуваат ранливите точки на корупција во системите за јавни набавки, којшто ќе биде имплементиран и широко користен од граѓанските организации, медиумите и другите засегнати страни;
– Рангирање на петте системи за јавни набавки на земјите од Западниот Балкан и постигнување напредок од година во година, според методологијата на инструментот за споредување (бенчмарк)
– Изготвени и дисеминирани годишни извештаи во сенка врз основа на докази за состојбата на работите и напредокот во јавните набавки во пет земји од Западен Балкан;
– Најмалку 50 граѓански организации од петте земји активно ги следат јавните набавки, ги идентификуваат проблемите и предлагаат решенија;
– Владите и другите засегнати страни обезбедени со детална проценка на ранливоста на корупцијата во системите за јавни набавки и препораки за надминување на идентификуваните проблеми.