Анкета со фирмите за нивното искуство во јавните набавки

СКОПЈЕ, 17 ноември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска гo објави мониторинг извештајот во кој е содржано истражување на фирмите за нивното искуство во јавните набавки и споредбена анализа за правната заштита во постапките за јавни набавки и за административните трошоци за остварување на правната заштита на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Унгарија и Чешка Република. Истражувањето за искуството во јавните набавки беше спроведено во периодот јуни-јули 2014 година, со учество на 267 фирми од сите поголеми градови и региони во земјава. Анкетата со фирмите ги даде следните наоди: Главните проблеми со кои се соочуваат фирмите во јавните набавки се: обемноста на документацијата што се бара за учество на тендерите, задоцнетата наплата на побарувањата за реализираните договори за јавни набавки и приспособувањето на условите за учество на тендерите за да одговараат само на одредени понудувачи. Фирмите што реализирале договори за јавни набавки просечно чекаат по шест месеци за наплата на побарувањата од тендерите. Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките. Високите трошоци и недовербата кон жалбената постапка се главните причини поради кои 93% од анкетираните фирми ретко или никогаш не вложуваат жалби. Фирмите го оценуваат со 2,86 на скала од 1 (негативно) до 5 (одлично) целокупниот процес на јавни набавки во земјава, што е минимално подобрување на оценката од пред две години, која изнесуваше 2,84. Извештајот е достапен овде. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на...
ноември 17, 20146666

СКОПЈЕ, 17 ноември 2014 година – Центарот за граѓански комуникации денеска гo објави мониторинг извештајот во кој е содржано истражување на фирмите за нивното искуство во јавните набавки и споредбена анализа за правната заштита во постапките за јавни набавки и за административните трошоци за остварување на правната заштита на Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Унгарија и Чешка Република.

Истражувањето за искуството во јавните набавки беше спроведено во периодот јуни-јули 2014 година, со учество на 267 фирми од сите поголеми градови и региони во земјава. Анкетата со фирмите ги даде следните наоди:

  • Главните проблеми со кои се соочуваат фирмите во јавните набавки се: обемноста на документацијата што се бара за учество на тендерите, задоцнетата наплата на побарувањата за реализираните договори за јавни набавки и приспособувањето на условите за учество на тендерите за да одговараат само на одредени понудувачи.
  • Фирмите што реализирале договори за јавни набавки просечно чекаат по шест месеци за наплата на побарувањата од тендерите.
  • Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките.
  • Високите трошоци и недовербата кон жалбената постапка се главните причини поради кои 93% од анкетираните фирми ретко или никогаш не вложуваат жалби.
  • Фирмите го оценуваат со 2,86 на скала од 1 (негативно) до 5 (одлично) целокупниот процес на јавни набавки во земјава, што е минимално подобрување на оценката од пред две години, која изнесуваше 2,84.

Извештајот е достапен овде. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

БЕЛЕШКА ДО УРЕДНИЦИТЕ:

Проектот на УСАИД за граѓанско општество е спроведуван од Фондацијата Отворено општество – Македонија во партнерство со: Центар за граѓански комуникации; Младински образовен форум; Реактор – Истражување во акција и Форум – Центар за стратегиски истражувања и документација.

Од 1993 година, американскиот народ преку УСАИД инвестираше во Македонија над 500 милиони долари. УСАИД соработува со народот во Македонија со цел да се отворат работни места, да се зајакнат демократските институции и практики, да се зајакне интегрираното образование и студентите да се подготват за пазарот на трудот. Ваквите иницијативи го подобруваат квалитетот на животот и ја поддржуваат транзицијата на Македонија кон стабилна и просперитетна демократија. УСАИД обезбедува економска и хуманитарна помош во повеќе од 100 земји. Повеќе информации на macedonia.usaid.gov или на Фејсбук-страницата www.facebook.com/USAIDMacedonia.