Активната транспарентност на институциите сè уште на ниско ниво

Денес, 11 јуни 2019 година, Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: -Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на исполнетост на обврските за проактивно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 56% (од можни 100%) и е зголемен за 12,5 процентни поени во однос на лани (кога просечно изнесуваше 43,5%). -Трета година по ред, проактивното објавување информации на министерствата е во пораст и тие се значително подобри од општините кои, пак, по двегодишно влошување, првпат бележат подобрување во активната транспарентност. Просечната активна транспарентност на министерствата изнесува 77,6%, додека на општините 51,7%. -Битола го задржа севкупното прво место од лани, додека од министерствата, годинава најдобро рангирано е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на второто место. Во однос на регионите, Источниот Регион му го зазеде ланскиот примат на Пелагонискиот Регион, додека Скопскиот Регион падна на последното место. -Најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 57%, а општините само 26% од информациите што треба да ги објавуваат. -Кога станува збор за одговор на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со иста содржина, општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 20 дена), а...
јуни 11, 20198247

 

Индексот на активна транспарентност се реализира во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста. За повеќе информации за работата на Центарот за граѓански комуникации, посетете ја нашата веб-страница www.ccc.org.mk и http://www.opendata.mk/.

БЕЛЕШКА ЗА УРЕДНИЦИТЕ

Американскиот народ преку УСАИД има инвестирано повеќе од 640 милиони долари во Република Северна Македонија од 1993 година досега. УСАИД е најзначајната меѓународна агенција за развој во светот и двигател кој води до резултати во развојот. Работата на УСАИД носи напредок во националната безбедност и економскиот просперитет на САД, ја покажува американската великодушност и на земјите со кои соработува им помага на патот до самостоен и стабилен развој. За повеќе информации, посетете ги нашите веб и Facebook страници: https://www.usaid.gov/north-macedonia и https://www.facebook.com/USAIDNorthMacedonia/