Состанок на Трипартитната работна група за подготовка на новиот Нацрт-закон за спречување на насилство и вознемирување на работното место

Состанокот на Трипартитната работна група се одржа на 2 март 2026 година во хотел „Александар Палас“ во Скопје, во рамки на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, кој го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ), а е финансиран од Европската Унија.

Состанокот беше отворен со воведни обраќања на Мауро Масцоли (програмски менаџер, Делегација на Европската Унија во Република Северна Македонија, Емил Крстановски (национален координатор, МОТ) и Милан Петковски (проектен координатор). Говорниците ја истакнаа важноста од продолжување на заедничката работа на изготвувањето на новиот Закон за спречување на насилство и вознемирување на работното место, усогласен со ратификуваната Конвенција 190, и ја нагласија улогата на социјалниот дијалог во креирањето на ефективни законски решенија.

Проф. д-р Александар Ристовски, надворешен соработник на МОТ, ги презентираше почетните согледувања во однос на насоката на неколку законски решенија дискутирани на претходниот состанок. Неговата презентација послужи како основа за понатамошна дискусија меѓу членовите на работната група.

Во продолжение на состанокот, учесниците, составени од конституенти и претставници од македонското граѓанско општество, се вклучија во детална работа на предложените законски одредби на нацрт-законот. Дискусиите беа насочени кон прецизирање на формулацијата на одредени членови, усогласување на одредбите со меѓународните трудови стандарди и обезбедување на нивна практична применливост во рамки на националниот правен систем.

Придонесите од овие дискусии ќе бидат земени предвид при понатамошниот развој и доработка на нацрт-законските одредби.



Напишете коментар

This website uses cookies and asks your personal data to enhance your browsing experience. We are committed to protecting your privacy and ensuring your data is handled in compliance with the General Data Protection Regulation (GDPR).