Одржана работилница за ревизија на Профилот за безбедност и здравје при работа

На 25 февруари 2026 година, во ТГГ Бизнис Центар во Скопје, се одржа работилница за ревизија на „Профилот на безбедноста и здравјето при работа во Република Северна Македонија“, во организација на проект поддржан од Меѓународната организација на трудот.

На настанот учествуваа членови на Советот за безбедност и здравје при работа, претставници на работодавачите, академската заедница и граѓанскиот сектор. Целта на работилницата беше презентација и стручна верификација на нацрт-документот, како основа за негово финализирање.

Авторот на Профилот, проф. д-р Агим Шаќири, ги презентираше клучните наоди и аналитички согледувања содржани во документот, по што следеше активна и конструктивна дискусија. Учесниците дадоа стручни забелешки и препораки насочени кон унапредување на содржината, при што беше истакната важноста од сеопфатен и прецизен пристап во анализата на системот за БЗР.

Во текот на работилницата беа прибрани значајни повратни информации, кои ќе бидат вградени во финалната верзија на документот. Дополнително, беше договорено членовите на Советот да достават и писмени сугестии во наредниот период, со цел обезбедување на квалитетен и инклузивен процес.

Како следен чекор, авторот ќе пристапи кон интеграција на забелешките и финална обработка на Профилот, кој треба да претставува стратешки документ за унапредување на системот за безбедност и здравје при работа во државата



Напишете коментар

This website uses cookies and asks your personal data to enhance your browsing experience. We are committed to protecting your privacy and ensuring your data is handled in compliance with the General Data Protection Regulation (GDPR).