Награда 13ти Ноември

 

Почитувани,

Во склад со критериумите за доделување на наградата 13ти Ноември што ја доделува Сојузот на спортови на Скопје, по повод денот на ослободувањето на Скопје 13ти Ноември, истакнуваме јавен повикза конкурирање за наградата.

Наградата во склад со критериумите кои благовремено се одставени до спортските здриженија ќе се додели на:

1. Заслужни спортисти /1-2/

2. Тренер-и

3. Екипа-и

4. Спортски работници

5. Спортски работници за Животно дело

6. Професори по Физичко воспитување

7. Спонзори и спомагатели /фирми и поединци/

8. Други спортски субјекти

 

 

Предозите со образложение за предложените да се достават најдоцна до 31ви Октомври 2010, до Сојузот на спортови на Скопје во писмена форма или по е-пошта на: info@sportskopje.mк

 

 

Претседател,

Ѓорѓи Кузмановски

 

 

 

Скопје, 12.10.2010

Кајак на Диви води

 

Со одлично возење во вчерашната полуфинала трка, нашиот кајакар ги изненади своите противници и се пласираше на првото место со најдобро остварено време, при што си обезбеди и место во финалното возење кое се одржа денеска. Николовски уште еднаш докажа дека е голем спортист и достојно и храбро се докажа и на патеката, каде со 3 казнени поени спортската среќа му ја одзема шансата да се бори најмалце за бронзен медал, каде и покрај казнените поени имаше одлично време, кое сепак на крајот му го донесе одличното 7мо место.

Атанас уште еднаш докажа дека е голем спортист и достоен за високи резултати.

 

Честитки од Сојузот на спортови на Скопје за постигнатиот резултат и ти посакуваме уште вакви, но и поголеми моменти во твојата кариера.

 

 

 

 

Мотоциклизам

 

На релито ќе настапат над 400 мотоциклисти од Балканските и Европските земји, како и од Македонија.

Релито ќе се вози на следната релација:

– 03.09 Скопје-Велес-Св.Николе-Штип-Радовиш-Струмица-Дојран

– 04.09 Дојран-Кавадарци-Прилеп-Крушево-Ресен-Охрид

– 05.09 Охрид-Кичево-Скопје

Пријавувањето на сите учесници е во Мотоциклистичка федерација на Македонија, Владимир Карчицки моб. 076/404-076 или преку меил – info@mfm.com.mk, каде треба да се уплати котизација:

– За регистрирани клубски мотоциклисти – 600ден за возач и 300ден за совозач

– За нерегистрирани возачи – 1500ден за возач и 1000ден за совозач

 

Релито се одржува под патронат на Владата на Република Македонија, а покровители се: Град Скопје и Агенција за Млади и Спорт на република Македонија.

 

Стартот на релито е од плоштадот Македонија во Скопје на 03.09.2010 во 10:00 часот, а целта е исто така на плоштадот Македонија на 05.09.2010 во 15:00 часот.

 

Релито е планирано да го отворат: Претседателот на Владата на Република Македонија, Градоначалникот на Град Скопје и Директорот на Агенцијата за Млади и Спорт на република Македонија.

 

 

 

 

 

Трка на Солидарност

 

На трката настапија над 50 велосипедисти од сите клубови во Македонија, во категориите: Сениори, Јуниори, Кадети, Девојки и Мастерс- над 35 години.

По категории се постигнаа следниве резултати:

– Сениори:

1. Јоже Јованов – Електрика – 10,14

2. Стефан Петровски – Вело М – 10,27

3. Стефан Цветановски – Енерџи – 10,29

 

 

– Јуниори:

1. Јахи Ибиши – Енерџи – 13.15

2. Горан Ангелов – Електрика – 13.50

3. Александар Атанасовски – Вело М – 13,54

 

 

– Кадети:

1. Костадин Петров – МВК Велес – 15,27

2. Ане Стоилов – Електрика – 15,35

3. Љатифи Бесрат – Теута Иљире – 15,42

 

 

– Девојки:

1. Драгана Зафировска – Цикло спорт – 19,55

2. Јана Коцевска – Енерџи – 20,22

3. Мартина Мицевска – СОФКА – 22,46

 

 

-Мастерс:

1. Душко Исајловски – Енерџи – 14,15

2. Гоце Цветановски – Енерџи – 14,54

3. Душко Кантарџиев – Енерџи – 15,35

 

Наградите за најдобро пласираните во сите категории ги додели Градоначалникот на Град Скопје, Г-от Коце Трајановски.

Мечување

Сите заинтересирани љубители на мечувањето можат да повелат во спортската сала “Борис Трајковски“ и да ги проследат настапите на Македонската репрезентација, а воедно и да уживаат во убавините и грациозноста на овој несекојдневен натпревар во нашиот град. Влезот е бесплатен. Почеток на натпреварите е секој ден во 10:00 часот, а финалните борби се во 18:00 часот.

 

 

Скопски Маратон

 

Списание DISTANCE RUNNING каде што може да се најдат податоци за сите Маратони кои се регистрирани во Меѓународната Маратонска Асоцијација – AIMS, податоци, датуми, слики, контакт телефони и се што ве интересира за Маратонско трчање. Скопскиот Маратон од 2009 е член на AIMS, каде што може да се најдат и нашите податоци и резултати од одржаните Маратони.

Сите кои сакаат да добијат едно вакво списание, може да дојдат во просториите на Сојузот на спортови на Скопје (позади Ресторан Ања- градски парк) од Вторник 25.05.2010 од 10:00 до 15:00 часот секој работен ден.

Ве Очекуваме!

Спортски Поздрав,

Сојуз на спортови на Скопје

Скопски маратон 2010

 

Резултати од Маратонската трка:

Мажи – ТОП 7

1. Томас Тотх – Унгарија

2. Нилс Стрик – Холандија

3. Виорел Георгита – Моладавија

4. Коџо Џуро – БиХ

5. Бири Ференц – Унгарија

6. Андонов Александар – Бугарија

7. Ѓорѓи Трендафилов – Македонија

 

Жени – Топ 4

1. Луција Кимано – БиХ

2. Марија Врајиц – Хрватска

3. Каталин Фаркаш – Унгарија

4. Миклош Лидија – Црна Гора

 

Полумаратонска трка:

Мажи топ 3

1. Стошич Саша – Србија

2. Филип Атила – Србија

3. Кокан Ајанаовски – Македонија

 

Жени топ 3

1. Слаѓана Перунович – Србија

2. Ксенија Бодлович – Србија

3. Тасевска Ениса – Македонија

 

 

Сојузот на спортови на Скопје заедно со ко-организаторите им ја честита победата на најдобрите во двете конкуренции во полумаратонската и маратонската трка, им се заблагодарува на сите пријавени учесници, а најискрено искажува голема благодарност на сите учесници во Хуманитарната трка на 5000 метри, кои беа повеќе од 1700 учесници и дадоа значајна подршка во афирмација на СКОПСКИОТ МАРАТОН.

Се надеваме на Ваше големо разбирање и подршка во годините и маратоните кои ни престојат.

Целосните резултати и галерија од преку 1800 фотографии од Скопскиот маратон 2010 можете да најдете на: http://www.skopskimaraton.com.mk/

 

Со Почит,

Сојуз на спортови на Скопје

Cartilasin- за здрави зглобови и сигурен чекор

Зглобната ‘рскавицата овозможува нормално движење на зглобовите. При прекумерното оптеретување на зглобовите (особено при спортски активности) или со стареењето, ‘рскавицата се истенчува при што се јавува зголемено триење помеѓу зглобните површини, кое предизвикува болка, отоци и намалена подвижност на зглобот.
Глукозаминот учествува во градбата и одржувањето на нормалната функција на: зглобовите, лигаментите, тетивите и другите сврзни ткива во телото. Човечкото тело произведува доволни количини глукозамин, но при поголеми оптеретувања на зглобовите, повреди или при појава на остеоартритис, потребите од глукозамин во организмот се зголемуваат и се препорачува дополнителен внес преку препарати во исхраната. Дополнителниот внес на глукозамин: стимулира создавање на здрава ‘рскавица после повреда и/ или остеоартритис, ја намалува деструкцијата на ‘рскавицата, ја намалува болката и ја подобрува функцијата на зглобовите. Глукозаминот може да делува превентивно и да го спречи појавувањето на овие тегоби. И што е многу важно, студиите покажале дека глукозаминот помага во лекувањето без токсични или други штетни ефекти и после долготрајна употреба.

Во аптеките има голема понуда на препарати на глукозамин, но по состав најчесто се работи за глукозамин сулфат. Само Картиласин по состав е глукозамин хидрохлорид. Токму на тоа и се должи предноста на Картиласин. Во една таблета Картиласин од 500 мг има многу повеќе глукозамин , одколку во таблета 500 мг на глукозамин сулфат. Или : 1500 мг Картиласин » 2608 мг Глукозамин сулфат!!!

Да резимираме:
• Картиласин ги регенерира: ‘рскавицата, лигаментите и тетивите после повреди
• Картиласин ја намалува болката во оштетениот зглоб
• Картиласин ја подобрува подвижноста на зглобовите и квалитетот на живот
• Картиласин го забавува дегенеративниот процес на ‘рскавицата на зглобот

За подмачкување на Вашите зглобови и сигурен чекор користете Картиласин најмалку еден месец годишно.

Мисли денес за твоето здравје утре и не двоуми се!


Преставништво Актавис Скопје

Ул. Огњан Прица бр.1-2/24

тел. +389 02 3116-252