Не е воведен регистар на парафискални давачки

Фото: pixnio.com

 

ВЕТУВАЊЕ: Ќsdsdsdsdsdsdsе се воведе Регистар на парафискални давачки со цел да се подобри транспарентноста и да се настојува да се намали оптоварувањето на фирмите.

[Извор: Програма на СДСМ за парламентарни иабори 2016 година „План за живот во Македонија“ страна 63, датум: декември 2016]

 

ОБРАЗЛОЖЕНИЕ:

Ветувањето на СДСМ дадено за парламентарните избори во декември 2016 година, дека ќе се воведе регистар на парафискални давачки со цел да се dsdsdsasdподобри транспарентноста и да се настојува да се намали оптоварувањето на фирмите, досега (20.07.2018) не е исполнето.

Бизнисмените изминатите години предупредуваа дека неданочните давачки кои им се наметнуваат од институциите и општините секоја година се зголемуваат и негативно се одразуваат на нивното работење. Ова беше причина СДСМ овој проблем на бизнисите да го помести во својата предизборна програма во посебен дел „Го поддржуваме приватниот сектор како носител на економскиот развој – Унапредвање на деловното окружвање и инститционална рамка“ (страна 63).

Во почетокот на јануари 2017 година, набрзо по вонредните парламентарни избори  сегашниот министер за финансии Драган Тевдовски (во тоа време претседател на Комисија за економија и член на Извршниот одбор на СДСМ), вовдевањето на регистар на парафискални давачки го вброи во една од петте приоритетни промени за поддршка на домашните претпријатија, за тие да може да се развиваат, да отвораат пристојни работни места и да даваат повисоки плати.

Она што е клучно за фирмите, ќе ги ослободиме од досегашните притисоци и ќе го олесниме нивното функционирање! Нема да има непотребни инспекциски контроли и нарачани казни од илјадници евра. Ќе воведеме јавен регистар на инспекциските контроли, за да се спречат ваквите злоупотреби. Ќе воведеме регистар на парафискални давачки со цел да се намалат давачките на фирмите, а веднаш ќе ја намалиме фирмарината за претпријатијата со помалку од 5 вработени. Задолжително ќе се консултираме со бизнис секторот при носењето на нова регулатива, а институциите ќе мора да објавуваат упатства за примена на законите. (Тевдовски, 4.01.2017)

Но, и по една година од изборот на Владата предводена од СДСМ (31.05.2017), нема информација дека се работи на овој регистар.

Тоа беше причина Стопанската комора на Македонија во јуни годинава (2018) повторно да го актулеизира проблемот со неданочното оптоварување на бизнисите.

Анализата направена од Стопанската комора која се однесува на периодот  од 2008 до 2016 година, покажува дека за осум години бројот на парафискални давачки е зголемен за 84 нови. Од нив 18 се давачки кои се вклучени во т.н. други даноци, 41 вид неданочни давачки и 25 нови глоби, со што е постигнато дополнително оптоварување на правните и физичките лица на годишно ниво во износ околу 20 милиони евра. Според оваа анализа, само во 2016 година стопанството по овој основ на буџетската сметка инкасирало над 251,5 милиони евра.

Во врска со ова Комората и препорача на Владата повеќе решенија, меѓу кои и формирање на регистар на парафискални давачки.

Министерството за финансии како координатор на активноста заедно со Коморите, деловните банки, НБРМ, локалните самоуправи и представници од реалниот сектор да отпочне постапка за воспоставување на Регистар на неданочни давачки кои постојат во Македонија(Стопанска комора на РМ , 11.06.2018).

Од Комората сметаат дека, изработката на регистарот на парафискални и неданочни давачки од страна на Министерството за финансии во соработка со општините, други државни органи и представници од Коморите и реалниот сектор, ќе придонесе подобро да се согледа проблемот  и да се изнајдат решенија кои би произлегле од анализата на тоа дали дел од овие давачки се оправдани.

Сепак Комората нема одговор од страна на Влдата, а нема ниту информации дека на проблематиката се работи во Владата или општините, односно институциите кои имаат воведено најголем број на неданочни давачки за бизнисот.

Прегледот на владината интернет страница, дневните редови на владините седници како и и интернет страницата на Министерството за финансии покажува дека нема информација за тоа дека се работи на воспоставување регистар на парафискални давачки или ако се работи на тоа, јавноста сѐ уште не е информирана за поготовката.

Според тоа, може да се заклучи дека ветувањето на СДСМ дека ќе воведе регистар на парафискални давачки со цел да се подобри транспарентноста и да се настојува да се намали оптоварувањето на фирмите, дадено за време на парламентраните избори во 2016 година не е остварено.

 

ИЗВОРИ:

 

Оцени: Рада Исовска – Маневска

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.