Контраспин: Нема слободна волја ако граѓаните се насочуваат како да гласаат

Изборите може да бидат и демократски и фер, но слободната избирачка волја да биде доведена во прашање. Фото: веб страна на СДСМ

Законски е дозволено, но ако насочување на гласачко тело и сугерирање и притисок за кого да се гласа се третира како „слободно изразрена волја на граѓаните“, тогаш станува збор за извртена вистина, односно спин

 

 

Законски е дозволено, но ако насочувадсдсње на гласачко тело и сугерирање и притисок за кого да се гласа се третира како „слободно изразрена волја на граѓаните“, тогаш станува збор за извртена вистина, односно спин

 

Пишува: Теофил Блажевски

 

Лидерот на СДСМ Зоран Заев, во првото обраќање до јавноста по избоорите искажа став за тоа на што се должи изборниот резултат, што го сметаме за извртена вистина:

Спин: Да повторам дека конечно, слободно изразената волја на граѓаните е тоа што е израз и на резултатот на овие избори. Изборите беа фер, демократски регуларни, кредибилни, кристално чисти…

[Извор: СДСМ, веб страна, датум, 29.10.2017]

Kontraspin-foto-Vistinomer-1024x281-e1500652724996

Контраспин: Лидерот на Содијадемократскиот сојуз на Македонија Зоран Заев неколку пати во изјавата по завршувањето на вториот круг од изборите повтори дека станува збор за слободно изразена волја на граѓаните  – нешто што е на граница на извртена вистина односно спин. Да разјасниме, не спориме со тоа дали изборите биле фер, демократски, регуларни… За кристално чисти, сепак, треба да се почекаат финалните извештаи на набљудувачите, но очигледно е дека има недостатоци. Тука во овој контраспин ќе се обидеме да ја деспинуваме фразата – слободна избирачка волја на граѓаните.

Дилемата е дали навистина станува збор за слободно изразена волја на граѓаните ако постојано ги повикувате и ги насочувате да гласаат за овој, а не за оној кандидат?

Пренесено на терен на овие локални избори, тоа би изгледало лесно за одговор кога станува збор за предизборна кампања, но во прв круг. Генерално ги повикувате граѓаните да гласаат за вашиот, а не за туѓ кандидат, зашто сте убедени дека со вашата политичка програма сте подобри од политичкиот противник. Но, откако ќе се случи коалиција, работите малку се менуваат.

Коалицијата е законско и обичајно право на политичките партии. Но, тогаш ја ограничувате на некој начин слободно изразената волја на граѓаните. На овие избори тоа се виде со коалицијата објавена уште пред првиот круг меѓу СДСМ и ДУИ.  Во првиот круг овие две партии поради коалицијата се лишија да изнесат свој кандаидат со своја програма во одредена општина. Значи, своите политички идеи и правото на граѓаните што се симпатезири на СДСМ или на ДУИ на избор беа лишени само поради предизборните математики, т.е. граѓаните добија стеснето право на избор.

Ова е уште поизразено во вториот круг кога се избираа само градоначалници. Сосема е точна констатацијата и на Билал Касами, но и на Зијадин Села дека тие се победници и дека тоа се гледа од резултатите во чисто албанските изборни места. Ако се земат бројките од од првиот круг, во Струга и ако се споредат со резултатите од вториот круг, јасно се гледа дека за Рамиз Мерко гласале симпатизерите на СДСМ од првиот круг. Исто така, се гледа дека за Села гласале од БЕСА и сосема извесно и веројатно, дел од гласачите на ВМРО-ДПМНЕ. Но, разликата помеѓу СДСМ, БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ, е во тоа што ВМРО-ДПМНЕ не ги повика јавно своите симпатизери да гласаат за Села.

Истото се случува и во Општина Чаир. Со тоа што, таму неслободата на изборот е уште поизразена поради изборниот резултат. Зашто, за која вистинска и „слободно изразена волја на граѓаните“ може да стане збор ако кандидат на ДУИ победил за „влакно, т.е. за само 209 гласа разлика пред кандиидатот на БЕСА, откако во игра се вклучија и двете партии на Македонците, условно речено, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, иако немаа свој кандидати. Каква е таа избирачката волја на граѓаните на Чаир ако не е израз на гласањето на доминантното население, во овој случај Албанците?

Нема слободно изразена политичка волја на гласачите ако на секој можен начин ги насочувате за кого да гласаат и дури и на некој начин ги притискате. Ако ги броите гласачите и ги третирате како гласачка машина која реагира на копче на политичката елита, на контингенти што мораат да се испорачаат поради политчки договор. Јасно е дека тоа не е спротивно на законот и на политичката пракса, но е спротивно на стандардите за слободно изразената волја и станува збор за „штимана“ волја на граѓаните. Слободата се стеснува и се дерогира во оној момент кога ќе сугерирате и притискатe, како што тоа беше, на пример, сугестијата да се гласало за кандидатите од партиите што се владина коалиција – со исклучок на Алиајнсата, зашто така со парите од централната власт полесно ќе се решавале проектите значајни за локалната самоуправа – за што реагираше и ОБСЕ, објаснувајќи дека тоа е спротивно на стандардите на оваа организација, односно за нужното одвојување на партијата од државата.

Таков резултат, кој што е одраз на слободно изразрена волја на граѓаните, е можен само доколку граѓаните се повикаат да гласаат по сопствено убедување и без сугестии од некој друг, а притоа сите други законски услови бидат обезбедени беспрекорно.

Затоа, тврдењето на Заев дека резултатот е вистински израз на слободно изразената волја на граѓаните го сметаме за крајно сомнително тврдење кое што е извртена вистина, односно спин, само затоа што гласачите беа убедувани и им беше кажувано за кого да гласаат. Другите елементи од изборниот процес, да повториме, не се тема на овој контраспин.

 


Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy) и Балканскиот фонд за демократија, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД (BTD – The Balkan Trust for Democracy, a project of the German Marshall Fund of the United States), иницијатива која поддржува демократија, добро владеење и евро-атлантски интеграции во Југо-источна Европа. Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, National Endowment for Democracy, The Balkan Trust for Democracy, проект на Германскиот Маршалов фонд на САД, или нивните партнери.