Каков тип на донор си?
1.

Што најдобро ја опишува твојата идеја за добро поминато време?

Каков тип на донор си?
2.

Како го поминуваш слободното време?

Каков тип на донор си?
3.

Ако пријател/ка ти побара да позајмиш пари, ти...

Каков тип на донор си?
4.

Поминуваш по улица и гледаш расипана кола. Ти...

Каков тип на донор си?
5.

Читаш на Facebook дека на некое семејство му е потребна помош во храна и облека. Ти....

Каков тип на донор си?
6.

Кога би имал/а да донираш 5.000 денари во организација, ти...

Каков тип на донор си?
7.

Пријателите/ ките најчесто ти се обраќаат како на некој што...

Каков тип на донор си?
8.

Во училиште или на работа си познат/а како некој којшто:

Каков тип на донор си?
9.

Кога донираш, знаеш дека времето и парите се добро потрошени ако:

Каков тип на донор си?
10.

Кога сакаш да помогнеш, најчесто го правиш тоа преку:

Каков тип на донор си?
11.

Колку често донираш време/ ресурси/или вештини?

Каков тип на донор си?
12.

Ако некој треба да те опише со еден збор, тоа ќе биде

Организатор/ка

Организаторите обично се тие кои прават нештата да се случуваат. Одговорни се и подготвени секогаш да ги следат правилата. Прават список на активности за да знаат кога работата е завршена. Се стремат да бидат перфекционисти, одговорни, стабилни и чувствителни. Во суштина, не сакаат големи промени. Сакаат да можат да ги предвидат случувањата.

Опис на донатор: Ти секогаш ‘го знаеш вистинскиот човек’. Кога станува збор за помагање на заедницата во секој момент може да га вклучиш твојата мрежа на познаници и пријатели. Без разлика дали ќе регрутираш волонтери за чистење на паркот или ќе организираш прошетка за подигање на свеста за борба против рак, целта сигурно ќе биде исполнета. Не само што донираш великодушно, туку и ги инспирираш твоите пријатели и семејството да се вклучат.

Предлози за донирање: Најдобар начин да помогнеш е да се поврзеш со организации кои спроведуваат активности за прибирање средства или за подигање на јавната свест.

Покажи дека донирањето е твоја животна филозофија. Испечати ја заложбата за донирање и постави ја на место каде ќе ти служи како потсетник. И не заборавај, Да донираш е љубов! Исто како во љубовта, донирањето претставува врска со заедницата во која треба умно да одбереш, да негуваш однос, вистински да се дадеш, да бидеш поддршка и да уживаш гледајќи што е постигнато. Планираното донирање е заложба за темелно решавање на проблемите, а не само еднократно санирање на последиците.

Контактирај не и ние ќе ти ја предложиме организацијата каде најмногу можеш да придонесеш.
Те чекаме на konekt.org.mk.

Хуманитарец/ка

Хуманитарците се луѓе кои сакаат да бидат корисни и покажуваат тенденција кон дружељубивост и топлина кон другите. Генерално, нивните врски се базираат на емоции, сочувство и интуиција. Хуманитарците сакаат да ја видат позитивната страна на ситуацијата и повеќе се загрижени за тоа што ќе се случи, отколку за тоа што се случува во моментот.

Опис на донатор: Ти си ‘ад- хок’ донатор. Донираш импулсивно, без посебно размислување. Причините заради кои решаваш да донираш се или од лична природа- на прашања кои лично те засегаат- тебе или член на твоето семејство или се поврзани со пријатели и колеги. Поддржуваш решавање на проблеми кои им се важни на оние со кои си лично поврзан/а. Ако видиш нешто што се однесува на организација во која си донирал/а ќе го прочиташ, но дополнително нема да се заангажираш да бараш информации за тоа како е ползувана донацијата.

Предлози за донирање: Најдобар начин да помогнеш е да се поврзеш со организации кои прибираат средства за решавање на прашања кои се од твој личен интерес. Дополнително, одлично ќе се снајдеш како ментор/ка или како волонтер/ка во организација што обезбедува социјални услуги.

Покажи дека донирањето е твоја животна филозофија. Испечати ја заложбата за донирање и постави ја на место каде ќе ти служи како потсетник. И не заборавај, Да донираш е љубов! Исто како во љубовта, донирањето претставува врска со заедницата во која треба умно да одбереш, да негуваш однос, вистински да се дадеш, да бидеш поддршка и да уживаш гледајќи што е постигнато. Планираното донирање е заложба за темелно решавање на проблемите, а не само еднократно санирање на последиците.

Контактирај не и ние ќе ти ја предложиме организацијата каде најмногу можеш да придонесеш.
Те чекаме на konekt.org.mk.

Филантроп/ка

Вистинските филантропи се луѓе кои ја гледаат ‘големата слика’. Имаат фокус на долг рок и моќ да пружат отпор- нешта што се од суштинско значење затоа што работата никогаш не е завршена и треба да се одржи моментот. Филантропите се базираат на нивните идеи и размислувања, повеќе отколку на нивните емоции.

Опис на донатор: Ти донираш за да направиш промена. Сакаш да ја адресираш суштината на проблемот и да работиш на изнаоѓање долгорочни решенија за комплексни прашања. Твоите донации се наменети за организации кои работат заеднички за изнаоѓање решенија на комплексни проблеми. Сакаш донацијата да има што поголем импакт за вложените средства. Те интересира што е постигнато и одржуваш контакти со организациите кои ги поддржуваш.

Предлози за донирање: Најдобар начин да помогнеш е да се поврзеш со организации кои работат во областа на образование или решавање на клучни социјални прашања. Одлично ќе се снајдеш и како член на одбор на некоја организација.

Покажи дека донирањето е твоја животна филозофија. Испечати ја заложбата за донирање и постави ја на место каде ќе ти служи како потсетник. И не заборавај, Да донираш е љубов! Исто како во љубовта, донирањето претставува врска со заедницата во која треба умно да одбереш, да негуваш однос, вистински да се дадеш, да бидеш поддршка и да уживаш гледајќи што е постигнато. Планираното донирање е заложба за темелно решавање на проблемите, а не само еднократно санирање на последиците.

Контактирај не и ние ќе ти ја предложиме организацијата каде најмногу можеш да придонесеш.
Те чекаме на konekt.org.mk.

Волонтер/ка

Волонтерите се луѓе ориентирани кон акција и сакаат да се вклучат во реализирање на активности, за да помогнат тие да се завршат. Полни се со енергија и сакаат да се вложат себе, своето време и вештини, си за да им помогнат на луѓето, без разлика дали им се блиски или воопшто не ги ни познаваат. Подготвени се да помогнат во итни ситуации, ако тоа доведува до побрзо подобрување на ситуацијата.

Опис на донатор: Ти си тип кој донира краткотрајно, но со директни видливи резултати. Не го штедиш своето време и енергија ако си сигурен/на дека тоа ќе им помогне на организации/ групи или поединци директно да се соочат со проблемите и што поскоро да ги надминат. Без разлика дали помагаш во заштита на животната средина, при санирање последици од елементарна непогода, или им помагаш на ранливи категории да се стекнат со одредени вештини, твоето мото е “Подобро да го научиш човек сам да лови риба, отколку да му ја дадеш рибата“.

Предлози за донирање: Најдобар начин да помогнеш е да се приклучиш на тимови кои волонтираат за расчистување јавни површини, реновирање објекти, собираат храна и намирници за социјално ранливи категории и слично. Ако си личност која преферира индивидуална работа, може да ги понудиш своите знаења и вештини за подучување и менторство на различни категории корисници.

Покажи дека донирањето е твоја животна филозофија. Испечати ја заложбата за донирање и постави ја на место каде ќе ти служи како потсетник. И не заборавај, Да донираш е љубов! Исто како во љубовта, донирањето претставува врска со заедницата во која треба умно да одбереш, да негуваш однос, вистински да се дадеш, да бидеш поддршка и да уживаш гледајќи што е постигнато. Планираното донирање е заложба за темелно решавање на проблемите, а не само еднократно санирање на последиците.

Контактирај не и ние ќе ти ја предложиме организацијата каде најмногу можеш да придонесеш.
Те чекаме на konekt.org.mk.

Добротвор/ка

Добротворите донираат затоа што ‘тоа е вистинското нешто’. Се вклучуваат во различни типови активности и немаат однапред зацртани цели. Донирањето не го сметаат за редовна заложба, туку преферираат да одговорат на барањата во зависност од моменталното расположение и можноста. Кога донираат, тоа го прават со љубов.

Опис на донатор: Ти донираш кога за тоа ќе почувствуваш потреба. Под влијание на ситуацијата, понекогаш делуваш импулсивно, затоа што дадената донација кај тебе предизвикува задоволство. Од тебе може да се очекува секаков вид донација, од финансиски и материјални средства, до донирање време и вештини.

Предлози за донирање: Твоите донации ќе остварат поголемо влијание доколку се обмислени и однапред испланирани. Одбери кауза или област која ти е блиска и соодветствува со твоите вредности и размислувај за стратешко донирање. Обмислените и здружени донации, па макар и мали, можат да создадат вистински добри промени и да придонесат за општество подобро за сите.